Cyanogen и OnePlus го раскинаа своето партнерство. „Ова е најверојатно последното што го гледаме од партнерството… Двете компании се обидуваат да креираат луди работи, и многу интереси се судираат“, вели Стив Кондик од Cyanogen.
Крајот на партнерството помеѓу двете компании е објавен на Global Mobile Internet Conference во Пекинг, а по се доаѓа поради разликите кои ги имаат во визиите за своите продукти во Cyanogen и OnePlus. Крајот на партнерството е евидентен откако Cyanogen го избра MicroMax за свој партнер во Индија и истовремено побараа забрана на продажбата на OnePlus во оваа азиска држава. Поради ова OnePlus беше принуден да го забрза издавањето на сопствениот оперативен систем кој се чини дека излегува пред да биде целосно завршен производ.
Се чини дека нема премногу жалење околу прекинот на партерството, барем од страна на Cyanogen кој потенцира дека целата „слава“ OnePlus ја должи на нивниот оперативен систем, а без него најверојатно не би успеале да продаdат еден телефон на меѓународниот пазар, пренесува Android Authority.







