Build конференцијата која Microsoft ја одржа минатата недела покажува дека компанијата под Сатја Надела се враќа на старите патеки да бидат една од највлијателните компании во индустријата. Eден од уредите кои ќе му помогнат на Microsoft во остварување на мисијата се очилата со проширена реалност, HoloLens. Ако пред дваесетина години Бил Гејтс сакаше да стави по еден компјутер во секој дом, сега целта на Microsoft е да се стави по еден HoloLens на секоја глава за да се креираат паметни и персонализирани домови.
Ова можеби е голем залак засега, бидејќи цените на дисплеите и сензорите не овозможуваат финансиски исплатливо имлементрирање. Но, најавените очила за проширена „холограмска“ реалност HoloLens можат да помогнат во перзонализирање на домот, и можеби ќе го направат тоа без превисока цена. Според најавата, цената на Windows Holographic нема да биде премногу ниска, и се шпекулира дека ќе ја надмине цената на конзолите и ќе биде поблиска до поекслузивен лаптоп, што би го поставило помеѓу 1.000 и 2.000 долари.
Ова не е прва технологија која Microsoft ја претставува многу порано од конкурентите, првиот таблет компјутерот е всушност дело на Microsoft, претставен во 2000-дита, но компанијата не успеа пред Apple да го популаризира уредот и се чини дека прерано се откажаа од него. Тоа што е различно сега под г. Недела е што компанијата не се откажува од нови производи кои наизглед се тешко остварливи. Иако тимот за HoloLens стравуваше дека проектот ќе биде откажан, новиот претседател на Microsoft веднаш им соопшти дека продолжуваат со работата.
Тоа што е новитет под Сатја Надела е определбата ниеден продукт да не биде пуштен во продажба пред да е готов и исполиран. Ова е една од лекциите која ја научивме од Apple, вели г. Надела. Токму Apple е една од ретките компании, ако не и единствената која не само што успеа да се врати од „мртвите“, туку стана и лидер во индустријата. На Apple му помогнаа iPod, iPhone и враќањето на Стив Џобс во компанијата, а наскоро ќе може да видиме дали за Microsoft ќе бидат доволни HoloLens и Сатја Надела.
„Ова е нешто што ќе го завршиме. Ќе креираме нова категорија на продукти и ова е вид на производ на кој Microsoft треба да работи“, вели г. Надела за New York Times.







