Kaзни за е-трговци кои нема да враќаат пари за лоши производи

Се предвидуваат ригорозни казни од 2.000 до 4.000 евра за е-трговците кои нема да го враќаат произвидите од незадоволните купувачи. Купувачите ќе имаат период од 14 дена да ја вратат купената роба од која се незадоволни, а трговецот мора да му ги врати парите за производот заедно со парите кои ги потрошил за транспорт, јави Дневник.

Новите правила ќе бидат вметнати во Законот за потрошувачи, и ќе треба да им дадат сигурност на потрошувачите дека локалното купување онлајн нема да заврши лошо по нивниот џеб. Ова можеби и да охрабри поголема е-трговија во Македонија која за жал не е доволно развиена. За трговците ова ќе значи поголема одговорност, пример да не пласираат фотошопирани слики кои не личат на реалниот производ. Што се однесува за купување од онлајн продавниците надвор од Македонија, најдобро е да проверите околу гаранцијата за испорака и трансакцијата. Пример, Alibaba ќе ви ги чува парите се додека не потврдите дека сте го примиле производот.

Законот е усогласување со европската директива за изедначување на правата при онлајн купување. Истите права нема да важат само за производи, туку се однесуваат и на останати исплати, пример туристички аранжмани. Предвидена е забрана за промена на цената од моменот на нарачка до моментот кога ќе пристигне кај купувачот, што ова досега не беше случај, а дел од продавачите го злоупотребуваа, вели Христијан Делев, заменик-министер за економија.

Новите правила ќе треба да им дадат поголеми права на потрошувачите за купување онлајн, вели Маријана Лончар од Организацијата за потрошувачи на Македонија. „Сега сите трговци што продаваат онлајн ќе мора да имаат и формулар за откажување на нарачката и едноставно ќе има поголема контрола на овие онлајн продавници како и на нивното рекламирање, кое мора да биде усогласено со сите прописи. Тука ќе бидат опфатени и туристичките аранжмани, купување на онлајн-производи на домаќинствата“, вели г-ѓа. Лончар. Од оваа организација велат дека до нив се стигнати 3.000 жалби од потрожувачите од кои 200 се за производи купени онлајн.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments