Ќе ви треба моќен компјутер за виртуелната реалност на Oculus

Oculus ја ги објави спецификациите кои се потребни за користење на Oculus Rift сетот за виртуелна реалност. Се чини дека не станува збор за премногу моќен компјутер иако, секако добар дел од компјутерите се под овие спецификации:

  • NVIDIA GTX 970 / AMD 290 или помоќна картичка
  • Intel i5-4590 или AMD еквивалент
  • 8GB+ RAM
  • Компатибилен HDMI 1.3 видео излез
  • 2x USB 3.0 порти
  • Windows 7 SP1 или понова верзија

Според цените за графичка картичка, ќе треба да одделите околу 400 долари за Nvidia GTX 970 или 260 долари за AMD 290, а цената на i5-4590 е околу 200 долари. Доколку сакате да купите нов компјутер кој ќе подржува Oculus Rift VR ќе ви бидат потребни околу 1.000 долари.

Релативно високите спецификаци се неопходни, бидејќи доколку framerate падне играчите ќе почнат да чувствуваат мачнина. Добра вест е дека од Oculus се обврзаа дека овие спецификации ќе останат трајни, барем додека не излезе следната верзија на уредот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments