Како пазарењето во маркети стана идеја за стартап: Интервју со Ѓорѓи Филиповски, соосновач на Бадијала

во Вести

Како што често се случува, најдобрите идеи се раѓаат од решавање на личен проблем. Во овој случај тоа е една едноставна, но поскапа лекција од пазарење. Токму вака, по една пресметка по пазарењето на Ѓорѓи и Александра Филиповски се роди и стартапот Бадијала. Она што започна како список и пазарење, денес е апликација која на 33000 корисници им овозможува значителни заштеди при купувањето.

За Бадијала неговите почетоци, функционалности и идни планови разговаравме со Ѓорѓи Филиповски.

„Бадијала започна како класичен стартап со bootstrapping и поддршка од т.н. „3F“ – family, friends, fools. Ко-основачи сме јас и сопругата Александра, а околу нас изградивме млад тим од програмери, UX/UI дизајнери, дата-аналитичари, бета-тестери, скрејпери, правници, инфлуенсери, маркетинг експерти и многу надворешни советници. Нашата визија е едноставна: да создадеме квалитетен, корисен и транспарентен производ што им помага на луѓето да заштедат пари при секое пазарење во маркетите.“, вели Ѓорѓи.

Ѓорѓи и Александра Филиповски

Од каде вашата инспирација за развој на оваа апликација?

Идејата родена дома, ама буквално! Александра правеше список за пазарење, јас купував, па кога споредивме, сфативме дека ако сме пазареле на акции и промоции, ќе заштедивме и до 30%. Бидејќи немаше едно централно место како агрегат за преглед на акции и истовремено правење список, а секој маркет објавуваше информации различно (флаери, Facebook, веб), решивме да направиме агрегатор во мобилна апликација. Да нема веќе коментар: „Зошто не си го земал детергентот на акција таму, или кафето на промоција ваму било поевтино?“

Последниве неколку години излегоа неколку апликации со слична функционалност како Бадијала. Можеш ли да направиш проценка зошто девелоперите и корисниците се заинтересирани за овие апликации и како Бадијала се вклопува во овој тренд?

Кога ја објавивме Бадијала на 21 септември 2023, не постоеше ниедна апликација во FMCG-секторот со ваков концепт. Воопшто немаше многу македонски мобилни апликации што решаваат реален проблем. Ние бевме првата стартап-платформа што систематски собираше цени од маркети, а тогаш единствено достапно беа флаерите.

Во 2024 се смени Законот за трговски практики и маркетите мора јавно да ги објавуваат цените. Но секој маркет има 10–15.000 производи, што е технички огромен обем за мобилна апликација. Затоа овој сектор се рашири и се појавија веб-страници и неколку мобилни копии. И искрено, мило ни е што поттикнавме развој. Колку повеќе дигитализација и транспарентност во цените, толку подобро за сите граѓани.

Кои се клучните предности кои Badiala.mk ги има пред конкурентите? Како планирате да ја задржите лојалноста на корисниците?

Нашата најголема сила е што постојано ги слушаме корисниците. Секој предлог станува функционалност: Корисник ни кажа дека сака бонус и поен картички во телефонот и ние ги вметнавме. Нема потреба од новчаници полни со пластика.

Друг побара споделување производ или нотификација и ние додадовме deep link share да му споделиш на пријател на Вибер или порака за поевтин производ.

Трет предложи приказ „како Instagram stories“ да си ги листаш маркетите, одлична идеја и го направивме. Плус додадовме максимален попуст од сите маркети.

Корисници бараа „срце“ за список и тоа го вклучивме со анимација и ги средивме категориите на производи како што бараа корисниците.

Бадијала денес има над 33.000 корисници, 25% месечна задршка и просечно 2+ минути активност по сесија. Лојалноста се гради со континуирана комуникација, адаптација и искрен фокус на корисничкото искуство.

На кој начин се внесуваат информациите за попустите? Дали е тоа целосно мануелен процес или постои некаква автоматика која ги „влече“ податоците од маркетите?

Работиме на два начина:

  1. API-соработка со маркетите, со договори тие ни доставуваат податоци, а ние
    автоматски ги интегрираме.
  2. OCR скрејпинг на флаери наш иновативен систем што ја чита сликата, ја препознава цената и го внесува производот.

Секако, постои човечка контрола за финална точност за да одговара сликата, називот, кириличните букви и слично. Интересно е што корисниците ни рекоа дека флаер-фотографиите им изгледаат поавтентично од „нашминкани“ производни слики, па така и ги задржавме.

Кој е технолошкиот стак што го користевте за развој на актуелната верзија на Badiala.mk?

Целата инфраструктура на Бадијала Мобилната Апликација е во cloud: Google Firebase, неколку SaaS сервиси, Апликацијата е развиена во Flutter, a хостирање, нотификации и е-маил сервиси исто така се cloud-базирани Сите податоци и аналитики ни се достапни во реално време, од било каде.

Која беше улогата на GIZ и EU4EG во развојот на апликацијата?

GIZ, EU4EG, CEED и другите акцелератори ни го отворија светот на стартап екосистемот како пичинг, фондови, менторства, ангел инвеститори, меѓународни пазари.

За споредба, во 2024 првпат слушнав што е „pitch“, а денес ја пишувам магистерската теза и книга за дигитални стартапи.

GIZ даде огромна поддршка: 6-неделна обука за стартапи и можност за кофинансирање до 50.000 €. Тоа многу значи за млади компании. Искрено се надевам дека европските фондови и новата Агенција за иновации ќе продолжат со надградување на оваа поддршка.

Со оглед на тоа дека апликацијата е бесплатна за корисниците, кој е вашиот примарен деловен модел? Дали веќе имате некаков план како Badiala.mk ќе генерира приход?

Бадијала е бесплатна за корисниците. Наместо претплата, користиме хибриден бизнис модел:

  • Freemium пристап кон корисниците
  • Аналитика и извештаи за маркетите, дистрибутерите и производителите за нивната акциска успешност и продажба.
  • Банер реклами
  • Соработка со Google Ads што реткост за македонска мобилна апликација.

Целта ни е да создаваме вредност со податоци и длабока анализа и аналитика, а не со наплата кон корисниците.

Кои се следните чекори за Бадијала?

Постојано иновираме и отвораме нови можности:

  • AI или вештачка интелигенција за автоматско генерирање списоци и персонализирани препораки
  • Афилијат сегмент „Бадијала Техника“ како агрегатор за бела техника и мали апарати
  • Дигитализација на купони, поени и наградни игри
  • Нови функционалности барани од корисниците
  • Поголема соработка со маркети, дистрибутери и FMCG-индустријата

Сакаме да останеме двигатели на дигитализацијата во овој традиционален сектор и не се откажуваме.


Апликацијата Бадијала е достапна за корисниците на Android и iOS.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments