Gideon Brothers е хрватски стартап кој работи на вештачка технологија и роботи

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, ИТ.ЕУ

Хрватска може да се пофали дека има една од најактивните стартап заедници. Компании како Rimac Motors и Infobip се едни од ретките „еднорози“ во регионот, а во иднина би можел да им приклучи и Gideon Brothers. Оваа недела заврши инвестициски циклус во кој стартапот успеа да собере 31 милиони долари во Series A циклус, предводен од Koch Disruptive Technologies. Ова е четврта инвестициска рунда за Gideon Brothers кои претходно успеаја да соберат 2,2 милиони евра и 2,7 милиони евра. Досега Gideon Brothers од сите инвестиции собраа 36,5 милиони долари.

Последната инвестициска рунда која заврши оваа недела e и највисока, а покрај Koch Disruptive Technologies учествуваа и DB Schenker, Prologis Ventures и Rite-Hite, но и инвеститори кои и претходно ја поддржаа компанијата како: Таавет Хинрикус (ко-основач на TransferWise), Pentland Ventures, Peaksjah, HCVC (Hardware Club), Иван Топчиќ, Ненад Бакиќ и Лука Аскани. Средствата од овој циклус ќе бидат искористени за забрзување на развојот на технологијата, но и за поголема застапеност во светот. Компанијата најави дека дел од инвестициите ќе се искористат и за отворање на канцеларии во Минхен, Германија и Бостон, Масачусетс.

Компанијата е основана 2017 во Загреб, од Един Кочо, Круно Стражанац, Матија Копиќ и Милан Рачиќ. Работат на автономни, мобилни, колаборативни и модуларни роботи. Тие се една од најголемите инженерски компании во Централна и Југоисточна Европа. Првите проекти започнаа со партнери и клиенти од Хрватска со кои заедно работеа на решенија кои им беа потребни во нивните погони пред да се прошират на меѓународни клиенти. Првиот меѓународен успешен проект е автономниот робот за транспорт на палети кој веќе функционира и се користи во магацините на DB Schenker.

Компанијата работи на развој на роботи и софтверски решенија кои овозможуваат роботите на Gideon Brothers автономно да се движат во динамични услови, без разлика дали се работи за работа на отворено или во затворен простор.

Роботите кои ги развиваат во Gideon Robotics користат „компјутерски вид“ за својата автономија. Ова значи дека клиентите кои ќе го купат софтверот и роботите не треба да креираат на специјална и често скапа инфраструктура која роботите ќе ја користат за движење. Наместо ова со помош на камери и софтвер роботите сами си исцртуваат маршрута на движење од една до друга локација.

Роботите на Gideon Brothers не се хуманоидни, ниту делуваат импресивно на прв поглед, наликуваат на метални кутии кои се движат, подигаат и пренесуваат палети од едно на друго место. Сепак она што е многу поважно роботите си ја вршат својата работа и веќе имаат примена. Развојот и потребата на роботите е предизвикан од недостатокот на магацински работници, но и од Ковид-19 пандемијата која ја зголеми потребата од автономија и автоматизација.

„Пандемијата значително ја забрза потребата од паметна автоматизација, а ние сме подготвени да одговориме на потребите на пазарот. Најдобриот начин за ова е со спојување на нашето решение со најголемите, и корисниците кои имаат наголеми и неспецифични потреби. Нашите стратешки партнери имаат вистински предизвици кои нашите роботи веќе ги решаваат, и заедно со нас, ја користат неверојатната можност да влијаат на промената предизвикана од роботите во некои од најголемите светски компании“, вели Матија Копиќ директор на Gideon Brothers.

Најголем предизвик кој сега е пред Gideon Brothers е скалирање на производството. Компанијата ќе треба да овозможи испорака на стотици, па и илјадници роботи по клиент, наместо десетина колку што испорачуваа досега. Инвестирање во сопствени производни капацитети е дел од плановите на Gideon Brothers. Хрватската компанија се надева дека пред крајот на годината ќе успеат да вработат уште 100 работници.

Најголемите предизвици со кои се соочуваат се исто како и кај конкуренцијата. Недостатокот на квалитетен кадар кои работи на полето на вештачка интелигенција и компјутерски вид и препознавање.

„Ако зборуваме за Хрватска најтешко ни е да најдеме искусни луѓе кои работат во областите на производство на хардверски системи, продукт менаџмент, и различни експерти од полињата на машинско учење и компјутерски вид. Тоа не е необично со оглед на тоа дека во Хрватска нема многу компании кои работат со комплексна комбинација на хардвер и софтвер на начинот на кој работиме ние. Поради ова ќе мора да побараме експерти и надвор од нашите граници“, вели Матија Копиќ за Netokracija.

Gideon Brothers е одличен пример за успех на стартап од регионот кој не се плаши да пронајде решение за големи предизвици, поле во кои конкуренцијата е многу поголема. Дополнително покажува и на важноста на искуството на основачи на стартапи и компании. Матија Копиќ пред да го ко-основа Gideon Brothers беше и ко-основач на стартапот Farmeon кој во 2016 беше купен од US Virtus Nutrition.

Понудете решенија за големи и скапи проблеми, инвеститорите ќе дојадат сами. Конечно, како и во другите сфери на животот, фокусирајте се на изградба на квалитетни меѓучовечки односи, инвеститорите се само луѓе со кои треба со години заедно да работите на развој на вашата приказна.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk