Спонзорирано

Вештачката интелигенција е моќна алатка, но креативноста на софтверскиот инженер не може да се автоматизира

Спонзорирано од Avenga Academy

во Вештачка интелигенција, Софтвер

Вештачката интелигенција може да предложи идеи, да ни помогне да напишеме дел од кодот, да откриеме грешки или да ни објасни сложени концепти на едноставен начин. Но, и покрај тоа што е одлична алатка, одговорноста секогаш останува на инженерот, вели софтверскиот инженер Тања Панчевска која е ментор во новоотворената Академија за веб програмирање со примена на вештачка интелигенција во рамки на Avenga Academy во Скопје.

Целта на оваа програма е да им се овозможи на студентите да навлезат во новите текови во ИТ индустријата и да добијат знаење кое ќе ги направи конкурентни на пазарот на трудот. Панчевска е силно фокусирана на .NET екосистемот и Azure Cloud и постојано е во чекор со новитетите во индустријата што е неизоставен дел од самата позиција како едукатор на нови генерации на програмери кои допрва ќе ја градат својата кариера. Уписот на Академијата за веб-дизајн со примена на ВИ е сè уште отворен и стручниот предавачки тим е подготвен да ги поддржи идните креатори на дигиталниот свет.

Како на комплетен лаик, би му го објасните веб програмирањето со користење на вештачка интелигенција?

Тања Панчевска: Наједноставно кажано, веб програмирањето е процесот на создавање веб апликации, од нивниот изглед до нивната функционалност. Кога во тој процес ќе ја вклучиме вештачката интелигенција, добиваме еден вид паметен асистент кој ни помага да дојдеме до решение побрзо и поефикасно. ВИ може да предложи идеи, да ни помогне да напишеме дел од кодот, да откриеме грешки или да ни објасни сложени концепти на едноставен начин. Но, и покрај тоа што е одлична алатка, одговорноста секогаш останува наша. Ние сме тие што треба да проверат, коригираат и потврдат дека решението е квалитетно и ги покрива сите предвидени и можни сценарија. Со други зборови, вештачката интелигенција го забрзува процесот и го прави учењето попристапно, но вистинското знаење и контрола секогаш доаѓаат од инженерот.

Кој дел, или подобро кажано која работна позиција во ИТ светот е најмногу погодена од вештачката интелигенција?

Иако вештачката интелигенција има влијание во многу ИТ позиции, најмногу се чувствува кај јуниорските позиции. Причината е што ВИ веќе многу успешно ги извршува задачите кои порано им се доверуваа на почетниците, како што се: едноставни анализи, пишување основен код, документација или иницијално тестирање. Токму затоа е клучно младите програмери да развијат ВИ вештини, да знаат како правилно да користат алатки базирани на вештачка интелигенција, како да ги комбинираат со своето знаење и како критички да ги оценат резултатите. Во суштина, ВИ не ги заменува јуниорите, туку го менува начинот на кој стартуваат во индустријата. Оние кои ќе научат да работат заедно со овие алатки ќе бидат многу поефикасни, побрзи и поконкурентни.

Колкаво предзнаење е потребно за некој воопшто да земе во предвид да се запише на Академијата за веб програмирање со примена на ВИ?

За запишување на Академијата не е потребно никакво предзнаење, програмата е дизајнирана да започнеме од нула и да градиме стабилни основи. Објаснуваме темелно, со јасни примери и темпо што им одговара на почетници, а менторите се тука да помогнат на секој чекор. Сè што е навистина потребно е основна компјутерска писменост, мотивација и подготвеност за редовно учење. Во процесот се запознаваме, а потоа активно користиме вештачка интелигенција како поддршка, за идеи, анализа и помош при пишување код, но истовремено учиме како правилно да ги проверуваме резултатите и критички да размислуваме. На тој начин, студентите стекнуваат и практични програмерски вештини и современи ВИ компетенции кои им даваат предност во реалната ИТ средина.

Како гледате на иднината на софтверското инжинерство и дали ВИ ќе стане задолжителен дел од секој работен процес? Каде го гледате човечкиот фактор?

Верувам дека вештачката интелигенција многу брзо ќе стане составен и задолжителен дел од софтверското инженерство. Таа веќе го забрзува развојот, го подобрува квалитетот на кодот и ни помага полесно да ги решаваме рутинските задачи. Но, и покрај тоа, човечкиот фактор останува клучен. Креативноста, критичкото размислување, способноста да покриеме различни сценарија, да ги разбереме реалните потреби на корисниците и да носиме етички одлуки, тоа се елементи што не можат да бидат целосно автоматизирани. Според мене, иднината е комбинација: ВИ како моќна алатка што ни ја зголемува ефикасноста, а инженерот како оној што ја поставува насоката, контекстот и квалитетот. Инженерите кои ќе ја совладаат оваа синергија ќе бидат најподготвени за новата ера на софтверско развивање.

Голем дел од вашата кариера ја имате поминато во едукација на млади кадри. Колку е потребно труд и заложба од ваша страна за да бидете чекор понапред од останатите и да можете соодветно да ги обучувате идните генерации на програмери, софтвер инжинери итн.? 

Едукацијата на нови кадри бара подеднакво многу техничко знаење, а истовремено и правилно читање на групата  односно интуиција, емотивна интелигенција и способност да се препознае кога некому му треба појаснување, кога поддршка, а кога предизвик. За да бидам чекор понапред, постојано инвестирам време во учење, следење на новите технологии и практична примена на ВИ алатки. Но, еднакво важно е да се ставам од другата страна, да го разберам начинот на кој размислуваат студентите, нивните предизвици и мотивација. Токму ова ми овозможува сложените концепти да ги приближам на едноставен, практичен и инспиративен начин. Целта ми е секој студент да почувствува дека може да успее, дека има поддршка и дека знаењето што го гради овде и приказните кои ќе ги слушне, а доаѓаат од секојдневната работа, навистина ќе го подготви за реални проекти и современи технолошки предизвици. Верувам дека со вистински насоки, секој може да стане силен инженер и токму тоа ме мотивира да се трудам да бидам секогаш чекор напред.

Технолошките скокови особено во изминатите години се рапидни и брзи. Каква беше вашата лична трансформација низ сето тоа? 

Технолошките промени навистина се случуваат брзо, особено последниве години. Моја лична цел беше да се трудам постојано да се вклопам во тој ритам, да бидам отворена за нови технологии, да учам, да експериментирам и да не се плашам да излезам од комфорната зона. Со тек на време сфатив дека адаптацијата не значи само следење на новитети, туку и промена во начинот на размислување: поголема флексибилност, повеќе љубопитност и подготвеност да се реосмисли она што го знам. Токму тоа ми помогна да останам релевантна, да напредувам и да бидам подобар ментор за новите генерации.

Ако треба да им упатите порака на идните студенти, што би им рекле зошто токму сега е вистинското време да научат програмирање со ВИ? 

Сега е вистинското време да започнат со учење на програмирање со вештачка интелигенција затоа што технологијата се развива со неверојатно темпо и бара нови кадри што знаат да работат со современи алатки. Учејќи програмирање заедно со ВИ, не само што стекнуваат програмерски вештини, туку и учат како да бидат поефикасни, креативни и подготвени за реални предизвици во ИТ индустријата. Колку побрзо го совладаат тоа, толку побрзо ќе можат да ги користат овие моќни алатки за нивната кариера, да донесуваат подобри одлуки и да креираат решенија што имаат вистинска вредност. И токму сега, кога користењето ВИ има растечка стапка, нивното знаење ќе ги постави чекор пред другите.

Каде е Македонија во споредба со светот во поглед на развојот и користењето на AI алатките и каде го гледате развојот на ова поле во следните 5 години? 

Македонија се движи со солидно темпо во развојот и примената на вештачката интелигенција. Постои силен ентузијазам во академската и ИТ заедницата кој повлече растечки број на иницијативи и обуки. Иако сè уште постојат предизвици во инфраструктурата, стратегијата и регулативата, генерациите млади инженери се сè подобро подготвени да користат и создаваат ВИ решенија. Во следните пет години очекувам уште поголема примена и имплементација на ВИ во бизнисите, развој на специфични ВИ проекти и зголемување на едукацијата, при што човечкиот потенцијал ќе остане клучен за креативноста, критичноста и примената на технологијата.

Во Avenga Academy функционира и LearnAI Lab. Што точно опфаќа овој дел од академијата и за кого е отворен? 

Во рамките на Avenga Academy функционира LearnAI Lab, платформа наменета за бизниси кои сакаат да ја интегрираат вештачката интелигенција во своите процеси. Lab‑от комбинира обуки за тимовите со фокус на развој на наменски решенија според потребите на компанијата, со цел да ги обучи кадрите како да користат ВИ алатки ефективно и да им понуди конкретни и применливи предлози кои ја подобруваат ефикасноста и квалитетот на процесите. На овој начин, компаниите добиваат и обучен тим и практични решенија кои носат вистинска вредност.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Avenga Academy . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]