Регионален преглед: Амбициите на грчките стартапи растат од година во година

Минатата година грчките стартапи собраа над половина милијарда евра во инвестиции –  сума што е речиси тројно поголема во споредба со претходната година.

Грција исто така веќе има и неколку компании еднорози – еден од нив е т.н. клауд необанка Viva Wallet, која доби финансирање од 66 милиони евра, а во неа исто така вложи и американската банка JP Morgan Chase, стекнувајќи удел од 49 проценти. Додека Viva Wallet одбива да ја открие својата вредност на пазарот, според многумина таа се движи во опсегот од 1,8 милијарди евра.

VivaWallet

Значителен успех забележа и стартапот FlexCar, кој нуди флексибилно купување или изнајмување на автомобили со поедноставување на процесот на закуп на возило и минимизирање на авансни плаќања, дозволувајќи на поединци, хонорарни возачи и бизниси да го добијат посакуваното возило без бирократски процедури и да плаќање на депозити.

Додека минатата година стартапот доби инвестиција од 50 милиони евра, веќе оваа година тој оствари и рекордна инвестиција за грчкиот екосистем вредна 210 милиони евра.

Последно, но не и најмалку важно, со својот најнов круг за финансирање Blueground достигна проценка од 750 милиони евра и прашање на време е кога ќе ја затвори серијата Д и ќе се приклучи на клубот еднорог.

Надоврзувајќи се на успехот на програмите на EquiFund, фонд кој инвестира во мали и средните претпријатија и стартап, грчката влада се обидува да продолжи да го поддржи вложувањето на ризичен капитал во локални компании како и севкупниот развој на претприемачкиот екосистем во земјата. 

„Министерството за развој и инвестиции има намера да насочи првична сума од над 200 милиони евра јавни средства за стартап претприемништвото, без да исклучува натамошно зголемување, благодарение на можноста за собирање дополнителни. Збирниот износ што го обезбедува државата за отворените повици што моментално им се достапни на менаџерите на фондовите е 1,26 милијарди евра“, вели Јанис Цакирис, заменик-министер за развој и инвестиции на Грција.

Друга цел на министерството е да го премости финансискиот јаз за компаниите во многу рана фаза кои допрва треба да ги лансираат своите производи и да ги најдат првите клиенти.

Популарни вертикали во грчкиот стартап екосистем

На листата на најпопуларни сектори за стартапи во Грција, областа на животните науки го задржува првото место со 14,8% од сите компании кои работат во неа, додека трговија на мало и е-трговија се рангирани на второ место, со пораст на 13% поттикнати од ефектите на пандемијата, покажува извештајот на Found.ation, грчка консултантска фирма за управување со иновации.

Од неодамнешните големи инвестиции во грчки стартапи, значителна е онаа на Verizon Ventures, инвестициската група на американскиот телекомуникациски гигант Verizon, која инвестираше во грчкиот стартап TileDB во грчка сопственост, основан од Ставрос Пападопулос.

TileDB, кој доби инвестиција од над 20 милиони долари, разви иновативна база на податоци која – за разлика од конвенционалните бази на податоци – може да складира и управува со какви било типови на податоци, како што се сателитски слики, геноми, телекомуникациски информации итн.

TileDB

Компанијата има сопствен центар за истражување и развој во Грција и е активна на пазарот за управување со големи податоци.

На глобално ниво пак, доста популарни се и стартапите кои имаат грчки основачи, како и грчки капитал. Интересен е примерот со Better Origin, стартап што гради фарми за инсекти за да го пренасочи отпадот од храна во добиточна храна. Годинава стартапо успеа да привлече инвестиција од 16 милиони долари за развој на својата технологија.

Спорд коосновачот и извршен директор на компанијата, Фотис Фотијадис, финансирањето ќе се искористи за проширување на тимот на стартапот и пласман на неговото решение на меѓународно ниво. 

Користејќи го отпадот од храна како суровина, компанијата вели дека го намалува отпадот од храна, ги намалува трошоците за храна на фармерите и нуди супериорен производ за животните, дозволувајќи им да бараат жива храна наместо да се хранат со пелети. Исто така, производот на компанијата помага во намалувањето на емисиите на поединечни фарми и ја зголемува продуктивноста. 

„Синџирот на исхрана е фундаментално скршен и тоа ја става на ризик иднината на нашата прехранбена безбедност. Направивме решение кое има за цел конечно да ги поправи овие недостатоци. Ларвите на инсектите се механизмот на природата за претворање на отпадот назад во основни хранливи материи во синџирот на исхрана. Тие дејствуваат како врска што недостасува помеѓу отпадот и храната. Го намалуваме отпадот и го зголемуваме производството на храна со враќање на оваа врска.“ вели Миха Пипан, еден од основачите на стартапот. 

Е-трговијата е исто така популарен сектор во кој грчките стартапи напредуваат од година во година, а пример за ова е и компанијата Simpler, која на купувачите им нуди решение со кое можат да направат онлајн шопинг со само еден клик.

Simpler

Стартапот е основан во 2021 година, со седиште во Лондон и канцеларии во Атина. 

„Гледајќи го тоа од перспектива на трговецот, ова традиционалниот начин на наплата се претвора во милијарди изгубени долари во приходи од напуштени онлајн корпи во кои има производи. Simpler го решава овој проблем со тоа што ќе им олесни на купувачите да купат било што онлајн, давајќи им единствен „пасош за пазарење“, така што секое купување се врши со еден клик“, објаснува Ранија Лампроу, извршен директор и коосновач на Simpler.

Средствата кои овој стартап ги доби во висина од милион евра веќе се насочуваат кон растење на тимот, како и брза експанзија на европскиот пазар.


Преглед на регионот:

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments