Како изгледа моменталната „Војна на прелистувачите“

во Веб, Софтвер

Chrome го надмина Firefox, Internet Explorer се уште е ужас, но Opera и Safari не се доволно добри за да одиграа некоја позначајна улога во таканаречената „Војна на прелистувачите“. За да бидеме поконкретни во состојбата на прелистувачите треба да ги разгледаме статистиките. Во тоа може да ни помогне анализата на RoyalPingdom кои ги споредија прелестувачите според континентите.

Firefox, Chrome и IE се топ прелистувачи ширум светот, и скоро секаде се тука-некаде во користење. Секој прелистувач е прв на по два континенти, но интересно најголемите разлики можат да се забележат во двете Америки кои не само што се комплетно различни во културите, туку и во сурфањето. Во Северна IE има 40 отсто, во Јужна Chrome е прв со 48 отсо од користеност.

Што се однесува до Македонија, таа е различна од Европа. Според StatCounter од каде се земени статистиките нa RoyalPingdom, во Македонија Chrome се користи од 46 отсто од корисници, Firefox е втор со 39 отсто, а Internet Explorer не користи никој, или поточно само 10 отсто од македонските интернет корисници.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
5 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Boris
Boris
14 years ago

Nie makedoncite sme najnapredni, ne koristime IE.

Никола Поп-Томов
Reply to  Boris

IE има некаков процент оти за да ја симнеш мозилата или хромот ја симнуваш преку експлорер оти он ти е инсталиран со виндоусо…:)

Кире
Кире
14 years ago

Ако не користи никој IE ќе беше 0% а не 10% што значи користи некој и не е УЖАС

Гостин
Гостин
14 years ago
Reply to  Кире

Ушас е, како не е. Opera > сите.

Кире2
Кире2
14 years ago
Reply to  Кире

Тоа беше саркастично кажано. А што е ужас ужас е.

види ги сите огласи на kariera.it.mk