1 коментар 2 мин. читање 24 април, 2012

Споделувањето на фајлови со Dropbox сега е полесно со линкови

Популарното веб складиште само што го олесни споделувањето на фајлови. Moжеби ви звучи како нешто што требаше да го има до сега, но Dropbox најави дека сега можете полесно да споделите линк до фајловите од вашиот фолдер.

Новината е што кога ќе споделите линк од видео и фотографија со вашиот пријател или баба, како што објаснува Dropbox, тие нема да мора да ги симнуваат, туку само ќе го отвараат веднаш во прелистувачот. Ова е уште една придобивка од неодамнешниот редизајн на сервисот.

Koга пријателот, и секако бабата, ќе го отвори линкот, ќе може само да го прегледа фајлот, но ќе нема опција да го едитира. Секако, доколку пријателот, или бабата, сака да го зачува тој фајл кој го прегледува, без врска дали се работи за текст, видео, фотографија или презентација, ќе може да го симне.

Доколку пак сакате да споделите и едитирате нешто со повеќе пријатели или колеги, тогаш Dropbox ви препорачува да користите заеднички фолдер, опција што беше присутна на сервисот од самите почетоци.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Кат
Кат
14 years ago

kul

Мени
Заедница
Изглед
To top