0 коментари 1 мин. читање 9 септември, 2020

Passify ќе ги заштити вашите Google Docs со лозинка

Passify е екстензија за вашиот Google Chrome прелистувач. Со неа можете да воведете заштита со лозинка во Google Docs, Slides и Sheets. Сo Passify, не можете да заштитите документи кои се складирани во вашиот драјв, но можете да ги заштитите податоците кои ги споделувате со останатите.

Имено, отворете документи во Docs, Sheets, или Slides, па потоа кликнете на соодветната икона од лентата со задачи. Со одбирање на копчето Open, генерирате приватен линк до документот. До овој линк се дозволува пристап до документот само доколку се внесе точната лозинка.

Бесплатните корисници на Passify можат да создадат до три линкови до документи во кое било време, но таквите ограничувања не важат за премиум корисниците

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top