Каде е Обама? Сега е ред интернетот да го следи секој чекор на претседателот

Where is Obama е сервис кој ќе му покаже на претседателот на САД, Барак Обама, како се чувствуваше Едвард Сноуден кога сите се обидуваа да го пронајдат. Креиран од Ким Асендорф, Оле Фах, Кајл Мекдоналд и Јонас Лунд, сервисот во секое време ја покажува најверојатната положба на претседателот. Станува збор за „crowdsourcing“ сервис за локација, па сите корисници кои имаат желба можат да ја пријават локацијата каде е виден г. Обама. Потоа откако интернет заедницата ќе го пронајде, сервисот поставува маркер на неговата местоположба на Google Maps.

„Локацијата на претседателот е државна тајна. Веб страната на Белата куќа го покажува распоредот на Барак Обама единствено за тековниот ден, а никогаш за иднина. Точноста на податоците е контраверзна. Обама од друга страна го знае целиот ваш календар.“, велат основачите на проектот за The Creators Project.

По прашањето на безбедност и потребата на приватност, креаторите велат дека предавање на делови од приватноста за зголемување на безбедноста е погрешен чекор. „Ако сакате да ја обезбедите собата дали ќе поставите чувар на вратата кој ќе им претура на сите по личните податоци или ќе ставите брава на вратата“, вели г. Мекдоналд.

Сепак проектот е далеку од тоа само да му се врати на г. Обама што NSA гo следи секој корисник на интернет. Сервисот има и истражувачки дел, поточно креаторите се заинтересирани и за однесувањето на луѓето дали ако им се дадат алатки за следење ќе се обидат да и возвратат на државата за набљудувањето. Ова ќе одговори и на прашањата дали локацијата на претседателот воопшто интересира некого, но и дали може да се потврди неговата локација со информации кои ги генерираат единствено корисниците.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments