Eкономската исплатливост ќе го прекине Муровиот закон, вели директорот на DARPA

во Хардвер

Влегуваме во ера кога конечно ќе престане да важи Муровиот закон, вели директорот на D.A.R.P.A., Роберт Колдвел, на Hot Chips конференцијата. Муровиот закон е донесен врз основа на опсервација на ко-основачот на Intel, Гордон Мур, кој вели дека „бројот на транзистори во интегрираните кола се зголемува околу два пати во период од две години“. На почетокот прифатен како опсервација, законот сега е правило кое ја предвидува зголемената процесорска моќ, и ги предвиди помалите и моќни уреди како паметните телефони и таблет компјутерите. Една од причните за прекин на постулатот е што функцијата е експоненцијална и како таква кога-тогаш ќе стане неодржлива.

„Производството, а пред се дизајнот на процесори е неверојатно скапо. Intel прави големи инвестиции за развивање на следните генерации на чипови.“, вели г. Колдвел за CNET. Новата фабрика на Intel во Њујорк ќе чини 6 милијарди долари, а кога ќе биде додаден одделот за развој, инвестицијата ќе скокне на 8 милијарди. Поради се поголемите трошоци во иднина се повеќе компании сериозно ќе размислат дали ќе развиваат чипови доколку пазарот не гарантира повраток на инвестицијата.

„Ако има сомнеж дека нема да има профит, ако се сомневаат дека можат да направат подобрувања на силициумот, тогаш компаниите нема да сакаат да инвестираат во тоа. Ако голем играч, пример Intel, реши да ги повлече своите инвестиции, тогаш тие самите ќе можат да го прекинат Муровиот закон, бидејќи сите други компании кои прават супер скапа опрема за производство на чипови ќе се повлечат од скапите инвестиции кои го оддржуваат Муровиот закон.“, вели г. Колдвел.

Според г. Колдвел, крајот на Муровиот закон ќе пристигне во 2020 година со пристигање на 7 нанометарски чипови. На 7 нанометарските процесори се гледа како на физичка граница која во моентов не може да биде надмината, иако технологија во 2020 година може да го реши проблемот на физичко ниво. Г. Колдвел поголем проблем гледа во економијата која можеби ќе биде пресудна за паѓање на Муровата законитост. Иако развојот на технологијата никогаш не бил проблем за дизајнерите и развојните тимови кои скоро религиозно го следат законот, по се изгледа дека економската исплатливост ќе биде пресудна за комерцијалната презентација во иднина.

Но, за секој случај г. Колдвел да греши во врска со Муровиот закон, Intel се подготвува за комерцијален 10 нанометрскиот чип за комерцијална продажба, процес кој ќе забрза најскоро во 2015 година.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Филип
Филип
12 years ago

Процедурално: Silicon на Македонски е Силициум, а не Силикон кој се користи за зголемување на цицки.