0 коментари 1 мин. читање

Гифпокалипса! Сега може да споделите анимирани .gif слики на Facebook

Facebook до сега успеваше да ги игнорира анимираните .gif фајлови кои го опседнаа интернетот. Но, сега пребарувачот за gif фајлови, Giphy, успеа да креира код кој всушност ги врти анимациите на мрежата. Се што треба да направите е да постирате URL од gif фајловите на Facebook или да споделите фајл на мрежата директно преку Giphy со ‘Share Gif’ опцијата. Сепак, анимираните слики не се вртат постојано како вистинските .gif фајлови, туку на Facebook се споделуваат како видеата, па ќе треба да кликнете на play копчето за да се пуштат. Во секој случај, доста интересен хак на Giphy.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top