Како се користат и обработуваат податоците кои ги оставаме онлајн

Роберт Рив од САД е зависник од стрипови, култната игра Dungeons & Dragons, видеоигри, технологија… Неодамна, тој поминал една недела во посета на својата мајка која живеела во друга куќа, во друг град. По враќањето дома се соочил со последиците од алатките кои го следат онлајн користењето и однесувањето на интернет корисниците.

Роберт сепак професионално е дел од сектор во кој секојдневно се среќава со прашањето за онлајн приватност, па ова искуство го искористил за да покаже колку податоци споделуваме онлајн и на кој начин функционираат онлајн тракерите.

„Пред една недела се вратив од куќата на мајка ми и сега добивам реклами за пастата за заби која таа ја користи, брендот кој го користев само една недела. Никогаш не сме зборувале за брендот, не сум пребарувал на Google или слично…

Како дел од секторот за технологија за приватност, дозволете ми да ви објаснам зошто се случува ова…“

Веројатно на сите ни се случило да бидеме таргетирани со реклами некако поврзани со тоа што го зборуваме или користиме… Во еден момент зборуваме дека треба да купиме нешто (пр. кучешка храна, одмор); веќе следното гледање на телефонот добиваме реклама за тоа. Причината за ова не е дека друштвените мрежи имаат аудио следење на нашите уреди, туку и без ова споделуваме доволно информации за да може да бидеме таргетирани соодветно. Во основата на ова следење се бизниси наречени дата брокери кои купуваат, обработуваат и продаваат информации за корисниците на рекламните мрежи и компаниите од таа индустрија.

Паметните телефони имаат уникатен ID идентификатор кој овозможува спојување на податоци кои доаѓаат од различни сетови. Агрегаторите на податоци купуваат податоци од секаде. Без разлика дали се онлајн или офлајн податоци, од лајкови на друштвени мрежи, до информации за купување од продавници. Преку користење на иста имејл адреса за профили на друштвени мрежи и регистрација за картички за попусти овие податоци можат да се користат за спојување на соодветните податоци.

„Можат да ги пронајдат моите купувања во Harris Teeter (појаснување: супермаркет) и да ги спојат со мојот Twitter профил бидејќи и на двете компании им ја дадов мојата имејл адреса и телефонски број, и се согласив на споделување на податоците кога ги прифатив условите за користење и политиката за приватност“.

Ако ова ве вознемири, подгответе се. Всушност работите се и полоши. Дел од податоците кои ги собираат агрегаторите на информации се и GPS координатите. Во текот на обработката на податоците дата брокерот пронаоѓа кои телефони често се во близина па рекреира мрежа на телефони кои се почесто заедно. Потоа од овие уреди креира нова листа во зависност од времето кое сопствениците на телефоните го поминуваат заедно (хинт: како Facebook ви препорачува пријатели?). Интересно пред неколку години имаше информации дека и NSA го користи овој метод за следење на лицата од интерес.

https://int.nyt.com/data/videotape/finished/2019/12/1576676088/gct-800w.mp4
Следење на милиони корисници на „Grand Central Terminal“ во Њујорк
https://www.nytimes.com/interactive/2019/12/19/opinion/location-tracking-cell-phone.html

За корисниците кои често се заедно се креира заедничка листа на интереси. Рекламните агенции добиваат листа на интереси и прелистување за корисникот во која се наоѓаат производи за корисникот, но и за луѓето во негова близина. Конечната листа на реклами е составена од интересите на корисникот и неговото опкружување.

„Ќе ми покажуваат реклами за работи КОИ НЕ ГИ САКАМ, но знам некој со кој сум во редовен контакт кој можеби е заинтересиран.

За потсвесно да започнам разговор за, не знам… ебана паста за заби.

Никогаш немаше потреба да ме слушаат за ова. Доволно е да направат споредба од собраните мета податоци“.

Токму во насока на поголема заштита на личните податоци на корисниците се промените кои минатата година ги најави Apple. Промените во iOS треба да го спречат Facebook да собира податоци за корисниците, а со тоа ќе ја намалат заработката на друштвената мрежа, но и на сите апликации кои заработуваат на сличен начин…

Прочитајте го целиот муабет на темата од Роберт Рев споделен на темава (клик на Read the full conversion on Twitter), а за да навлезете во темата повеќе, прочитајте го фасцинтантното истражување на The New York Times насловено: One Nation, Tracked.

https://twitter.com/RobertGReeve/status/1397032784703655938

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments