Топ 5 iGaming компании во Македонија

Порано или подоцна, претпоставуваме дека се имате сретнато со терминот iGaming. Наспроти мислењето дека iGaming доаѓа од Internet Gaming, терминот е скратеница од Interactive Gaming или интерактивен гејминг. Независно од дефиницијата, iGaming е, грубо кажано, коцкање преку прелистувач. Под дефиницијата за iGaming спаѓа и спортското обложување, и онлајн казината, и покерот, па дури и еСпортот!

Одговорно играње коцкање

Последните неколку години бележат зголемен интерес за iGaming, што е сосема подразбирливо, бидејќи ви дозволува да се обложувате директно од комфорот на вашиот кауч. За тоа дали коцкањето е добра или лоша работа не би знаеле. Она што знаеме е дека онлајн индустријата со коцкање е исклучително профитабилна. Според извештајот на Statista Research Department, онлајн индустријата имала вредност од 64 милијарда долари во 2022 година. Само една година подоцна, вредноста скокнала на 67 милијарда долари. Со вакво темпо, се очекува вредноста да се искачи до 185 милијарда долари до 2032 година.

Во зависност од земјата во која се наоѓате, iGaming активностите може да се (не)легални, или пак да се пропратени со одредени ограничувања. iGaming во Македонија е дозволен на ист начин како и што е дозволено коцкањето во физички места, односно само за лица до 18 години. Со оглед на тоа дека се нема никаков монопол врз оваа форма на коцкање, играчите имаат најразлични можности за обложување, со што се поставува прашањето каде би можеле да се обложувате? Во оваа прилика, it.mk копа длабоко и широко за да ги открие петте најактуелни iGaming сајтови во Македонија. Четири од сајтовите кои се опфатени од овој текст се или почнати во Македонија, како BtoBet, или пак имаат нивно присуство во нашата држава.

Топ 5 iGaming компании во Македонија

#1 Singular

Повеќе од 10 години, вработените во Singular нудат флексибилни, сигурни и иновативни можности за играчите. Со три клучни канцеларии во Малта, Грузија и С. Македонија, Singular има добиено бројни награди низ годините. Во 2019 година ја зграпчи наградата за имање софтвер за годината, а во 2020 година се истакна како компанија која нуди импресивна технологија за спортско обложување. Преку нивната Singular iGaming платформа, која има поддршка на 12 јазици, играчите добиваат увид во бројни анализи на податоци како и богати можности за запознавање и управување со сите ризици и форми на плаќање.

Дарко Гацов, директор за операции

#2 BtoBet

Како дел од Neogames group, BtoBet има 150 вработени, 4 канцеларии и присуство во над 45 различни пазари. Нивната главна мисија е да овозможат флексибилни можности за спортско обложување низ четири континенти. Во таквото нешто успеваат со платформа која е целосно фокусирана и прилагодлива на интересите на самите играчи. Имено, од една појдовна точка, играчите имаат пристап до комплексни можности за управување со нивната сметка и целосен увид во моментните спорски настани. За разлика од Singular, кои нудат 45 методи за плаќање, BtoBet нуди над 100.

Една од четирите канцеларии на BtoBet се наоѓа во Македонија, попрецизно во Скопје, на 11 Октомври 33

#3 Vita Media Group

Со над 30 значајни награди за нивниот доприност во најразлични полиња, ни Vita Media Group никако не е за потценување, особено во поглед на богатите можности за обложување. Основана во 2016 година, компанијата има канцеларии во Копенхаген и Скопје, со Филип Спасовски како главен комерцијален директор и Мартин Манасков како раководител за односи со јавност. Над 40 луѓе се вработени во канцеларијата во Скопје.

Канцеларијата во Скопје се наоѓа на улица 1732, бр.4/21 зграда A

#4 QiH Group

Четвртата компанија специјализира во повеќеканален маркетинг и за нивниот брзо-растечки, иновативен и прогресивен бизнис користат работна сила од Лондон и Скопје. Специјализираат во дигитален маркетинг поврзан со iGaming индустријата и се активни на најразлични светски пазари.

Нивната канцеларија во Скопје се наоѓа на улица Будимпештанска 7 и моментно имаат неколку отворени позиции за работа

#5 Microgaming

Петтата и последната компанија можеби не пушта длабоки корени во Македонија како претходните четири, но се смета за една од најдобрите во светот, особено поради нивниот iGaming софтвер. Microgaming развива софтвер за iGaming уште од далечната 1994 година и ослужува над 100 милиони корисници. Со поддршка на над 100 валути, играчите може да се обложуваат на огромен арсенал од „игри“.

Toa беа петте компании кои ги избравме за потребите на овој текст, но доколку сметавте дека пропуштивме некоја, дефинитивно кажете ни во коментарите!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Software Developer

Matrix IT Global Services Macedonia

Senior Software Automation Engineer

види ги сите огласи на kariera.it.mk