ИТ настан: You are not prepared… За прв официјален Hearthstone турнир во Македонија!

во ИТ.МК

Имаме фантастични вести за сите фанови на Hearthstone: Heroes of Warcraft! На 20-ти декември е најавен првиот официјален, со амин од Blizzard, турнир во Hearthstone во Македонија, во организација на Гоблин, единствената продавница за игри на табла. Турнирот е во склоп на Fireside Gathering, што се локални настани чија цел е да ја популаризираат играта со дигитални карти. Настанот истовремено е можност за дружење меѓу играчите и фановите на игрите на Blizzard.

„На турнирот се добредојдени сите играчи на Hearthstone во Македонија, од искусни стратези, до почетници кои допрва навлегуваат во тајните на оваа игра. Овој настан е замислен како големо дружење на сите љубители на играта, кое се надеваме дека во иднина ќе се одржува почесто и ќе стане традиционално“, велат од Гоблин.

Наскоро…

Posted by Гоблин Гејмс on Thursday, December 10, 2015

За учество во турнирот е потребно да имате креиран најмалку еден шпил. Учесниците можат да пријават два шпила за учество, кои ќе ги користат во текот на турнирот. За настанот нормално ќе биде потребен мобилен уред – телефон, таблет или можеби дури и лаптоп, и интернет конекција. За најдоборите играчи има и награди, шампионот ќе ја освои друштвената игра Game of Thrones и три кодови од Blizzard, вториот два кода, а останатите учесници во полуфиналето по еден код. Победникот ќе добие и таблет компјутер Asus ZenPad Silver, кој е подарок од Anhoch кои ќе го поддржат турнирот. Кодови ќе има и за најсреќните посетители, а ќе бидат доделени по случаен избор. Учесниците на турнирот ќе добијат и специјален „skin“ за позадина на Hearthstone картите.

Пријавувањето за турнирот е веќе започнато и се одвива онлајн, со праќање на приватна порака на профилот на Гоблин Гејмс на Facebook. Tреба да се остави името и презимето на учесникот, како и неговиот ингејм алијас.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments