Берлинскиот GoEuro доби 45 милиони евра за да го поврзе европскиот јавен превоз

во ИТ.ЕУ

GoEuro е берлински стартап основан во 2013-та година, кој сака да го поедностави превозот на подолги релации, и кој успеа да добие инвестиција од 45 милиони евра од повеќе инвеститори, помеѓу кои повторно се најде Goldman Sachs, но и Atomico, Јури Милнер, Том Стафорд, Себастијан Симијатковски и Илка Пананен. Најголем дел од инвестициите во стартапите за превоз се инспирирани од вртоглавиот успех на Uber, иако GoEuro не е копија на Uber и нуди сосема различно решение за превоз нудејќи јавен превоз како автобуси, авиони и возови.

Тоа што го прави GoEuro поразличен од другите сервиси е што на едно место ги листа сите опции за јавен превоз – автобуси, железници и авионски летови. Има мрежа на превозници и овозможува да се купат и резервираат билети директно преку апликациите за Android и iOS. Сервисот вели дека листа над 46.000 рути кои корисниците можат да ги споредат.

„Забележуваме сѐ, од куси дестинации, патување во една насока до повеќе корисници кои патуваат заедно на долга дестинација со повратен билет. Оксфорд до Рединг, Келн до Париз, Мадрид до Малага, Берлин до Прага, буквално сѐ и преку железница, авио-превоз или автобус“, вели Нарен Шам од GoEuro за TechCrunch.

Во моментов сервисот функционира во 11 држави, и на над 30.000 автобуски и железнички станици. За шест држави Шпанија, Франција, Белгија, Холандија, Луксембург и Италија, билети можат да се купат директно од апликацијата. За превозите помеѓу станиците GoEuro соработува со BlaBlaCar на одредени пазари, и единствено ако недостапен јавен превоз.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
за целосна понуда на продукти, на market.it.mk