Civic Guide на тимот iTrio (Воислав Стојкоски, Катерина Ристоска и
Максим Симоновски) е прогласена за најдобрата апликација меѓу повеќе од 60-те учесници и 11-те тимови кои се натпреваруваа на дводневниот хакатон ecaHack Skopje кој се одржа викендов. На хакатонот се развиваа апликации со отворени владини податоци (open data) и апликации од јавен интерес.
Civic Guide e апликација за iOS која прикажува листа со најчести и најбарани услуги кои сите македонски институциите ги нудат со приоритет на посложените. Со изборот на некоја од услугите на корисникот ќе му се прикаже мапа со редослед на институциите кој треба да ги помине за да стигне до саканата услуга/документ. Целта на апликацијата е да го забрза административниот процес на поднесување на документи за разно-разни услуги, наместо да се пребарува по шалтери. Апликацијата сè уште не е достапна на Apple App Store.
Најдобриот тим на настанот беше награден со: шест месечно менторство од страна на ECAbit (ECAbit.org) мрежата во вредност од 5.000 евра; покриени трошоци за учество на регионалниот натпревар за мобилни апликации во Букурешт – ecaHack; Developer Alpha Blackberry уред и Alcatel One touch 997. Дополнително беше награден и тимот составен од тројца средношколци и еден студент на ФИНКИ, за апликацијата Skip it која ја претставува состојбата на патиштата. Овој тим доби еден Developer Alpha Blackberry уред.
Учесниците на ecaHack Скопје имаа можност да разменуваат идеи, концепти и проекти со групата на ментори кои беа претставници на повеќе домашни и странски ментори, претставнци на успешни компании, универзитетски професори како и менаџерот на Blackberry Developer Group Balkan.

Коментари
5 коментари
Коментарите се затворени.