0 коментари 1 мин. читање

Како магија од Тоскана: 90-годишна баба е фасцинирана од виртуелната реалност

По долго време повторно имаме напредок на полето на виртуелната реалност. Oculus Rift VR е уред за виртуелна реалност, најавeн најрано за 2014 година, но тоа што може да го видиме на следново видео навистина ветува. На видеото можете да ја видите реакцијата на бабата на еден девелопер на демото Tuscany. Деведесетгодишната бабичка која го испробува Oculus очигледно е импресионирана од уредот што може да се заклучи и од нејзината реакција. „Како магија од Тоскана“, се зборовите со која таа го опиша своето доживување.

[youtube]pAC5SeNH8jw[/youtube]

Oculus Rift е достапен во претпродажба во верзија за девелоперите и чини 300 долари. Засега нема официјална дата за излегување на уредот но најверојатно тоа нема да биде пред 2014-та година.

[youtube]t9TwZ3jpPoA[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top