Во текот на минатата недела во апликација на денот го споменавме Pac-Man, а денес можеме да ви претставиме уште една игра за корисниците на Android. Lazors е логичка „puzzle“ игра со која треба да го насочите ласерот така што ќе ги погодите сите цели, а во остварувањето на целта ќе ви помогни поместувањето на блоковите, така што ќе можете да ја менувате насоката на ласерот.
Можеби звучи едноставно, но на играта има 150 нивоа кои стануваат сѐ потешки и потешки. Постојат различни видови на блокови т.е. коцки и има одреден простор во кој тие може да се разместуваат. Покрај тоа, некое ниво нуди и повеќе цели, така што работата е отежнета. Во нивоата почнувајќи од туторијали, па се до Diamond lvl, имате можност да користите и систем за помош, а не е задолжително ниту да почнете од првото ниво, што е навистина добра работа. Но, за целосно да завршите со едно ниво, потребно е да ги решите сите 10 задачи кои се наоѓаат на тоа ниво и тука не е дозволено рипање.
Lazors eдноставна и интересна игра која ќе ве натера да размислувате со оглед на тоа дека постојат повеќе начини да се решат одредени загатки. Lazors е бесплатна и можете да ја преземете од Google Play.








