Интернационалната организација за поддршка на ИТ девојките, која од неодамна има и огранок во Македонија, Girls in Tech, го најави новиот стартап натпревар Lady Pitch Night кој ќе се одржи во Париз. Повикани се сите девојки-основачи од цела Европа да аплицираат за шанса да го претстават својот стартап пред познати претприемачи и основачи. Може да аплицираат и стартапи кои имаат барем една жена во основачкиот тим. Аплицирањето е отворено до 31 јули 2015-та година.
Lady Pitch Night е најголемиот европски натпревар за стартапи основани од жени, кој се одржува веќе 5 години. Настанот, огранизиран од Girls in Tech Paris во партнерство со компанијата Orange, преку нивниот стартап акцелератор OrangeFab France, Raise и Criteo, има за цел да ја зголеми видливоста на жените-претприемачи и да охрабри диверзитет во ИТ индустријата. Во 2014 година над 200 стартапи од 22 држави се пријавија, а меѓу финалистите беа Gemmyo од Франција, Cortechs од Ирска, Fojo.me од Хрватска, Cocofarm од Бугарија и победникот EasySize од Данска, кој потоа освои второ места на реномираниот паришки ИТ настан, LeWeb.
Girls in Tech e организација која сака да ги мотивира девојките и жените да внесат своја креативност во доминантно-машката ИТ индустрија. Стартувана е во 2007-ма година и веќе е присутна во 50-тина земји ширум светот. Меѓу тие земји од неодамна е и Girls in Tech Macеdonia која започна со своите активности преку Local Ambassadors Hunt кампањата. Македонскиот тим за следниот период најавуви уште настани од глобалната програма на Girls in Tech.







