„Брзината и агилноста на иновациите со Docker и Kubernetes“ е насловот на вториот вебинар во организација на Keitaro. Овој пат партнер на компанијата е ICS. Како и претходниот и ова е воведен вебинар. Учесниците ќе можат да слушнат за историјата, основите и употребата на Docker и Kubernetes и за клучните информации кои ги засегаат техничките директори и програмерите. Docker и Kubernetes го отворија патот за управување со федерални, скалабилни и редунданти cloud и on the Edge системи со истата технологија.
„Брзината и агилноста на иновациите со Docker и Kubernetes“ ќе се одржи на 3-ти декември со почеток од 19:00 часот. Регистрирањето на учесто на вебинарот е бесплатно. Говорници се: Дамјан Величковски, DevOps инженер во Keitaro; и Џастин Ноел, сениор консалтинг инженер во ICS. Ова се дел од темите кои ќе бидат разгледани на вебинарот:
- Кратка историја за Docker и Kubernetes
- Зошто контејнерите се наеднаш толку популарни?
- Бенефитите од употреба на Docker со Qt апликации
- Kubernetes за Cloud и the Edge технологии
- Премин кон употреба на контејнери и Kubernetes: Како и зошто?
Г. Величковски ја започна својата кариера како системски инженер и постепено се префрлил кон девелопмент и операции како резултат на популарноста на терминот DevOps. Со 4+ години искуство во DevOps, тој е најмногу заинтересиран за современ дизајн на системи со употреба на cloud native и алатки со отворен код, што се флексибилни и нема да застарат. Дамјан е DevOps инженер во Кеитаро.
Џастин е сениор инженер за консултации и овластен инструктор за Qt во Integrated Computer Solutions, Inc (ICS). Тој предавал Qt и Qt Quick / QML материјал за јавни и теренски курсеви многу години наназад. Џастин исто така има напишано и одржано семинари за Објектно-ориентирани GUI техники за дизајнирање. Џастин е дипломиран инженер за компјутерски технологии и инженерство на универзитетот Northeastern.