Web Factory, Netcetera и Google Developers Group Skopje ве повикуваат на овогодинешното издание на Google HashCode. Специфично е што оваа година нема да има физичко присуство, туку натпреварувачите ќе бидат организирани во виртуелни хабови.
Настанот се одржува на 25 февруари, а регистрациите се веќе отворени. Сите заинтересирани може да се пријават до 22 февруари. Во Македонија има три виртуелни локации: WebFactory, Netcetera и Inellipse – Software Solutions.
Hash Code е тимски, програмерски натпревар, организиран од Google, за студенти и професионалци од целиот свет. Тимовите имаат целосна слобода за избор на својот тим, како и за избор на програмскиот јазик. За време на натпреварот, тимовите ќе треба да ги решат инженерските предизвици кои го поставува Google. Натпреварот е поделен во две рунди; првата е квалификациска, а втората е финална рунда и ќе се одржи подоцна.
Вообичаено финалните натпревари се одржуваат во канцелариите на Google во Даблин, Ирска, но оваа години и финалињата ќе бидат организирани на „виртуелна“ локација.
Повеќе информации за HashCode 2021 и за локациите во Македонија може да пронајдете на Facebook страницата HashCode 2021 Macedonia.
[…] се одржа квалификациската рунда на Google Hash Code 2021. Во Македонија учество земаа 16 тимови во 3 виртуелни локации: Netcetera, Web […]