Google Maps презентираше интересна, иако по малку страшна функција. Компанијата започнува да ја прикажува Timeline функционалноста на корисниците кои ќе можат да сиги разгледаат рутите и доколку го користат Google Photos фотографиите од местата кои ги посетиле и денот во кој ги посетиле.
Идејата е да им се понуди на корисниците преку Maps да го посетат секое место, плажа, музеј, ресторан или друга локација што го посетиле.
Но, тоа што е застрашувачи е што Google има доволно информации за движењето на корисникот за да креира детален план за движењето на корисниците. Google вели дека оваа функција нема да може да ја види никој освен корисникот, а доколку сака да сподели некоја локација тогаш може и да го отстрани тагот од неа.
Функционалноста е достапна преку десктоп и Android верзијата на Maps иако за да ја активирате, мора да имате активирано Location History. Доколку не ви се допаѓа идејата можете да ја деактивирате Location History преку My Account.