Инвеститорски ден во Стартап Клуб Скопје – Новата генерација на претприемачи го привлече вниманието на инвеститорите

Стартап Клуб Скопје

На 20 мај 2025, Стартап Клуб Скопје беше домаќин на Investors Day – завршниот настан на втората инкубаторска програма #ИмамИдеја2. Тринаесет стартапи во рана фаза ги презентираа своите иновативни решенија пред инвеститори, партнери и бизнис лидери од Македонија и регионот.

Стартапите: EduNET, MindGalaxy AI, Платформа за БЗР, BioInspect, Custom Trips, Derm Doc, SunChaser, Pic a Pro, DNA Trails, Gifteezy, Расипикуќа, Ridlix и Double Bond – го комплетираа својот тримесечен пат низ првата независна инкубаторска програма во земјава, добивајќи менторска поддршка, практични вештини и директен пристап до инвестициска сцена.

Настанот ги обедини главните чинители од бизнис заедницата, претставници од мрежи на бизнис ангели, инвестициски фондови, приватниот и банкарскиот сектор. Посебен интерес за стартапите покажаа инвеститори и фондови од Саудиска Арабија, Бугарија, Србија и Словенија кои уште пред одржувањето на настанот изразија интерес за инвестиција во стартапите кои се дел од инкубатоската програма на Стартап Клуб Скопје

„#ИмамИдеја не е само инкубатоска програма – тоа е нов модел на соработка и градење капацитети за млади луѓе со визија. Нашата мисија останува јасна да создадеме генерација на претприемачи кои не се плашат од предизвиците, туку ги претвораат во можности. Оваа есен одиме чекор понатаму со Startup Revolution самит – најголемиот настан за стартапи во рана фаза кои ќе ги обедини најперспективните стартапи од земјата и регионот,“ изјави Сашо Јовановски, претседател на Стартап Клуб Скопје.

Завршниот дел од настанот беше резервиран за доделување на сертификати за сите учесници, како и благодарници за менторите – основачи на некои од најуспешните стартапи од Македонија. Преку директни средби и разговори, настанот овозможи нови можности за вмрежување и соработка, но уште поважно испрати силна порака дека стартап сцената во Македонија зрее и е подготвена за поголеми предизвици.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk