ИТ настан: Blogirame.mk по вторпат ги организира блог и Twitter наградите

После успешното минатогодишно издание на блог и Twitter наградите организирани од Blogirame.mk, денес и официјално беше најавено второто издание. Како и минатата година, така и во оваа номинациите и гласањето ќе го прави самата заедница на блогери, па затоа од организацијата ги повикуваат сите да ги направат своите номинации за: најсекси блогер/ка, најреволуционерен блог, најблог за мода, најдобар фото-блог, најсмешен блог, најдобар културен блог, најдобар спортски блог, најдобар ИТ и/или интернет маркетинг блог, блог пост на годината и најдобар блог за 2013 година.

Дополнително, се вршат и номинации за најдобри твитерџии во неколку различни категории, како: најдобар твитерџија што почнал да твита во 2013 година, твитерџија кој најмногу напредувал, најкорисен, најдобар твит за 2013 година, најкомпанија или организација на Twitter, најтаг за 2013, најдобар аватар, најдобар твитерџија во #третасмена, најдобра твитерџика, најдуховит твитерџија, твитерџија од дијаспората и највлијателен твитерџија.

Победниците од минатата година можете да ги погледнете овде, а доделувањето на наградите ќе се одржи во клуб и ресторанот МКЦ на 4 декемеври од 20:00 часот.

[youtube]pNfk7RiIuOM[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments