0 коментари 1 мин. читање

isoHunt се враќа од мртвите две недели откако беше изгасен заради 110 милиони долари

Канадскиот торент сајт isoHunt, означен од американскиот Конгрес како „шест најлош сајт“, се враќа онлајн откако пред две недели беше изгасен поради долг од 110 милиони долари за прекршување на авторски права.

Сајтот е вратен од група наречена ArchiveTeam која воскреснува идентична копија на isoHunt на друг домен, заедно со целата торент архива. Плашејќи се од уште милионски казни оригиналниот основачот Гери Фунд се обиде да ги спречи ArchiveTeam со тоа што го изгаси IsoHunt порано од најавениот датум. Но, тимот вели дека IsoHunt е „торент икона“ и тие чувствуваат одговорност да ги зачуваат торентите за идните генерации. Форумите и корисничките профили не се префрлени на копијата, ниту коментарите на торентите, но се гледа дека се додаваат нови торенти.

Што се однесува до г. Фунд, и оригиналниот тим на IsoHunt.com кој не е поврзан со воскресната копија, тој при гасењето на сајтот најави дека „единствен начин за одење напред е со авторите“ и дека ќе размислува за проект со кој ќе може да ги промовира авторите.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top