Спонзорирано

Вектор 8 и откривањето на вистинската вредност на вештачката интелигенција

Спонзорирано од Вектор 8

во ИТ Кариера, ИТ.МК, Спонзорирани

Вектор 8 е современа интернационална компанија специјализирана за вештачка интелигенција, процесирање на податоци, како и Cloud решенија. Основана е  од Кристоф Томен и Марк Марет, искусни претприемачи со долгогодишно бизнис искуство. 

Вектор 8 се темели на длабинското разбирање на потенцијалот на вештачката интелигенција и е тоа го оживува преку иновативна соработка човек-машина. Уникатниот бизнис модел: да се создаваат брзи, опипливи резултати кои служат како робусни бизнис решенија го издвојува Вектор 8, бидејќи го отвора патот за организациите да ја отклучат вистинската вредност на вештачката интелигенција и да напредуваат во дигиталната ера.

Компанијата е основана во Швајцарија, има повеќе локации, а од скоро е присутна со свое претставништво и во Скопје. За лансирањето на брендот на Вектор 8 во Скопје, за плановите и предизвиците, како и за влијанието кое оваа компанија ќе го има локално, зборувавме со Златка Трајческа – Менаџер на Вектор 8 – Македонија.

Златка Трајческа: Вектор 8 е основана во Швајцарија, но има повеќе експертски центри низ Европа. Препознавајќи ја новата ера на трансформацијата на дигиталниот свет: интеграција на човечката експертиза и напредните технологии за вештачка интелигенција, нашата визија и план е да станеме водечки партнер за овие позитивни промени и да помогнеме на организациите да го препознаат вистинскиот потенцијал и вредноста која би ја добиле. 

Нашата мисија е да ја искористиме и инкорпорираме моќта на овие технологии за да поттикнеме една иновативна трансформација на бизнисите во различни индустрии, со најголем фокус на секторите финансии и осигурување, како и да ја подобриме ефикасноста на процесите во истите. 

Златка Трајческа

Со отворањето на локацијата во Скопје имаме за цел да креираме еден современ експертски центар кој ќе е круцијален во осмислувањето и креирањето на тие решенија и кој ќе биде лидер во новата фаза на дигиталната трансформација на бизнисите користејќи вештачка интелигенција, не само локално, туку и во регионот.

Скопје логички се истакнува како идеална локација за инвестиција од оваа магнитуда и проекциите кои ги имаме за иднината. Со оглед на тоа дека планираме навистина рапиден раст, Скопје нуди многу од тоа што ни е потребно за истиот да го постигнеме, а тоа се повеќе нешта: динамиката со која се развива ИТ индустријата тука, бројните искусни и талентирани професионалци во доменот на нашата работа, стратешката локација во однос на регионот и уште многу други. 

А и меѓу другото, ова не е прва интеракција на нашите основачи со Скопје: тие имаат искуство со локалниот ИТ пазар и се добро запознаени со истиот. Генерално и целиот менаџмент тим има долгогодишно искуство со ИТ сферата во Скопје: Кристоф и Марк претходно го имаат основано Codeflair, кој подоцна стана Valtech, а јас бев повеќе од декада интегрален дел на стартниот тим на компанија која порасна од концепција до 40 луѓе. И двете се денес успешни приказни, така што со сето тоа искуство, прилично веруваме во нашата способност да постигнеме значителни успеси и со Вектор 8.

Како што и претходно кратко напоменав, плановите за нашата локација се истата да има многу брз раст во наредниот период, па голем дел од нашето внимание и фокус сигурно ќе се насочени кон изборот на квалитетен и професионален кадар кој освен што ќе поседува експертски вештини во сопствениот домен, ќе се вклопи во нашата култура. Но, среќни сме што јадрото на нашиот тим од самиот старт се исклучителни и докажани професионалци, нескромно би кажала најдобрите во оваа област во Скопје, па преку заедничко креирање на решенијата кои се потребни на нашите клиенти и моделирање на идната стратегијата, верувам дека навистина ќе прераснеме во лидер за вештачка интелигенција, најпрвин во земјата, а потоа и во регионот.

Од друга страна, исклучително сме посветени сме да допринесеме кон креирање на извонредна професионална атмосфера, компетитивна на пазарот, во која нашите вработени, соработници и клиенти навистина ќе ја почувствуваат културата на транспарентност, почит и негување на вистинските човечки вредности, без тоа да биде само декларативно.

Имаме волја и гледаме огромна можност да придонесеме кон ИТ екосистемот во државата. Еден од нашите приоритети е да имаме позитивно влијание врз локалната заедница, да воспоставиме партнерства со локалните бизниси и организации за иницијативи кои ќе придонесуваат и за ИТ секторот во државава, но и за многу сегменти на општеството кои ќе го подобрат квалитетот на живот. Имаме доста идеи и проекти на кои сакаме да посветиме дел од нашето време и ресурси, сакаме да учествуваме во локалните настани, да придонесеме кон подигнување на свеста за животната средина, да помогнеме да се развиваат млади таленти, да бидеме дел од добротворните акции и уште многу нешта кои ќе ги откриеме во иднина.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Вектор 8 . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]