ИТ Индекс: Xessable, outsourcing на квалитетни професионалци од Македонија

(Овој текст е дел од серијалот на IT.mk кој има за цел да ги промовира локалните компании кои се присутни на сервисот ИТ Индекс)

ПРОФИЛ

1. Датум кога официјално започнавте со работа?

01.06.2017

2. Од кого е основана компанијата?

Xessable e македонско-холандска компанија. Основана од двајца македонски основачи (Александар Џабирски и Владимир Михаиловски) и еден холандски основач (Marvin van Dongen).

3. Првиот производ или услуга која ја понудивте и успешно продадовте?

Нашата услуга е outsourcing/nearshoring на квалитетни професионалци од Македонија.

4. Колку луѓе броеше вашиот првичен тим?

6

5. Колку вработени сте сега?

42

6. Кои се услугите и производите во кои специјализирате?

Outsourcing/Nearshoring услуга.

7. Што е тоа што мислите дека ве разликува од вашата конкуренција?

Целосната транспарентност која ја имаме и довербата која оди во двата правци помеѓу нас и нашите вработени/колеги од тимот.

8. Кои се клиентите со кои соработувате и на кои пазари работите?

Работиме со клиенти од Hospitality, Leisure и E-Commerce. Сè уште сме фокусирани на холандскиот пазар кој ни беше и иницијална цел.

9. Што е тоа што би промениле на сегашната македонска ИКТ сцена ако имате неограничени ресурси?

Би инвестирале во сериозни обуки на луѓето кои сакаат да влезат во овој свет. Би организирале повеќе хакатони и настани на кои луѓето ќе можат да споделуваат знаења и да се натпреваруваат посебни за решенија кои би ни го подобриле нивото на живот на сите нас.

10. Што ќе работите во 2025 година?

Outsourcing/Nearshoring, со таа разлика што почнувајќи од годинава разгледуваме и други пазари на кои сакаме да се прошириме и на кои би сакале да оставиме наш печат.

11. Споделете некој “fun fact” за вашата компанија

Нашите скали се идеални за витка линија :D

Официјален сајт

xessable.mk

Xessable на друштвени мрежи:

Facebook / Instagram / LinkedIn


Знаеш компанија која треба да ја додадеме на ИТ Индекс? Кликни тука и Предложи компанија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments