WeAreDevelopers – глобалната девелоперска конференција со балкански корени

По двегодишна пауза, глобалната заедница на програмери повторно се враќа со настани во живо, овојпат преку WeAreDevelopers конференцијата која се одржа во Берлин од 14-ти до 15-ти јуни.

Интересно е што речиси целата комплетна организација на конференцијата е од лица со потекот од Балканот, започнувајќи од 33-годишниот Австриец со потекло од Босна и Херцеговина, Сеад Ахметовиќ, кој е и извршен директор на конференцијата и истоимената ИТ компанија.

Откако две години по ред конференцијата беше организирана во онлајн формат, овојпат тимот на Ахметовиќ успеа да собере повеќе од осум илјадници луѓе на дводневниот собир.

„Ова е една од најголемите светски конференции за нови технологии и иновации и луѓето кои ја посетуваат, речиси десет илјади од целиот свет, во суштина ја обликуваат нашата иднина преку нивните производи и технологии“, вели Ахметовиќ. 

На конференцијата присуствуваа и повеќе од 250 говорници кои дискутираа за најновите случувањаи сознанијата за развој на софтвер, најдобри практики и идните технолошки трендови, како и вработување и задржување на ИТ таленти.

“И покрај фактот што минатогодишниот Светски конгрес и конгресот за Java Script добија бројни позитивни критики од заедницата и беа оценети како голем успех, нашите членови со нетрпение го очекуваа враќањето на настаните во живо“, потенцира Ахметовиќ.

Потекнувајќи од малиот град Оџак во Босна и Херцеговина, Ахметовиќ во 1990тите се сели во Виена каде го започнува своето образовние и својата кариера во ИТ индустријата. После бројните искуства и разни позиции во интернационални ИТ компании, тој доаѓа на идеја за тоа да организира една конференција којашто ќе ја обедини девелоперската заедница и тоа доста успешно го организира последните пет години. 

Една од неговите цели и промовирање на ИТ индустријата во неговата родна Босна и Херцеговина, како и во остатокот од регионот. 

„Во Босна и Херцеговина има огромен потенцијал кој сè уште не е целосно искористен. Овој потенцијал можеме да го видиме дури и овде на конференцијата, каде што има неколку стотици учесници само од Босна, а многу повеќе и од остатокот од балканскиот регион“, објаснува Ахметовиќ, додавајќи дека цврсто верува оти младите генерации се оние кои носат нови перспективи и дека иновацијата на балканските простори мора да дојде преку овие умови.

Истовремено, WeAreDevelopers има и платформа којашто им обезбедува на девелоперите да се поврзат со компаниите и на тој начин да најдат работа, преку алгоритми кои ги поврзуваат со соодветните работни места според според нивните вештини и профили.

Она што WeAreDevelopers им го овозможува на младите таленти со ваквите настани пак е пристап до контакти со големите компании и сето останато што тие можат да им го понудат, вели еден од учесниците на овогодинешното издание, Харис Кордиќ од Сараево. 

„Лесно е да најдете позиции за стажирање, за работа, за се што ве интересира. Само дојдете на штандот и поразговарајте со луѓето, сите со задоволство ќе ве примат и ќе ви објаснат било што за компанијата. Можете дури и да запознаете други луѓе, програмери, лесно да се поврзете со нив преку апликација направена од Конгресот, така што тие успејаа да не вклучат една неверојатна приказна“, објаснува Кордиќ.

За младиот девелопер Керим Мухарембеговиќ од Сараево, конференцијата исто така претставува и можност за да се учи од оние кои успеале во индустријата.

“На овој начин можеме да научиме повеќе од нивното искуство, а кога можеме да видиме како нашите луѓе од регионот успеваат во светот, ова е исто така доста мотивирачко за нас“, објаснува тој.  

Во моментов WeAreDevelopers, покрај главните канцеларии во Виена, исто така има и регионална канцеларија во Сараево и работи со остатокот одрегионот и земји како Хрватска, Србија и Црна Гора, каде што ИТ индустријата станува се повеќе популарна. 

Според Аднан Павловиќ од WeAreDevelopers, преку ваквите настани ИТ индустријата исто така конечно се враќа на директен контакт помеѓу луѓето и вмрежувањето, што е исклучително важно за сите оние кои се во индустријата.

“Покрај Босна и Херцеговина, нашиот фокус е и наовие земји. Во овие пет години постоење и работа, ние секогаш се обидуваме да ги вклучиме и балканските земји“, Павловиќ, регионален директор во WeAreDevelopers.

Според него, владата и властите во Босна и Херцеговина исто така стануваат свесни дека ова е најдобриот начин да се промовира Босна на глобалниот ИТ пазар, како дестинација каде што има млади таленти кои имаат вештини и идеи и го наоѓаат својот пат на успехот и доаѓаат до пазарите каде што тие можат да бидат конкурентни.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk