Сите сме слушнале за FPS игри, или First Person Shooter, но, што доколку ја земете таа формула и ја прилагодите за да вашето ултимативно оружје е вашата верна чизма? Во тој случај FPS станува FPB или, како што викаат самите автори, First Person Booter. Развиена од студиото CinderCat Games, GLUM ветува уникатна мешавина на борба заснована на физички закони, црн хумор и истражување.

Чизма како ниедна друга
Во GLUM вие го преземате идентитетот на Глум, суров и избувлив гоблин кој е живее за да клоца се што ќе се испречи на патот со неговата магична чизма. Заборавете на конвенционалното оружје; овде, главната алатка за решавање проблеми е вашата верна чизма – концепт кој доаѓа инспириран од механиката за клоцање од постарата игра Dark Messiah of Might and Magic. Во GLUM, меѓутоа, ваквата механика целосно еволуира и се поставува како централен елемент на гејмплејот.

Секој удар со чизмата има динамичен ефект врз непријателите, што води до смешен и претеран хаос кој е со пренагласени „ragdoll“ ефекти. Можете да ги кршите, лансирате и уништувате непријателите на начини кои се истовремено задоволувачки и урнебесни. За зголемена забава и охрабрување креативност при елиминирање на непријателите, играта се одликува со Menace Style системот кој ве охрабрува да изнаоѓате раслични начини за уништивање на непријателите.

Чисто за пример, со фрлање експлозивни буриња, магични напивки или со директни удари, заработувате стилски поени, особено кога ќе извршите одредена садистички акција. Ова додава елемент на повторливост и ве охрабрува да експериментирате со различните можности што ги нуди околината, создавајќи одлични можности за клоцае на непријателите во шила, преносни тоалети, машини за мелење месо или отскочни платформи.

Светот на GLUM е наречен Даморос. Се работи за живописно, интерактивно, но не премогу големо место, исполнето со можности за истражување, скриени места и колекционерски предмети. Играта, исто така, нуди елементи на платформерско движење, каде што магичната чизма се користи не само за борба, туку и за навигација низ светот. Со напредокот во играта, Глум добива нови магични способности, отворајќи целосно нови можности за движење и соочување со непријателите.

GLUM влезе во Early Access на Steam на 22 мај, но има озбилни планови за проширување на содржината врз основа на повратни информации од заедницата. Иако демо верзијата покажа одреден потенцијал, некои критики упатија на потребата од дотерување на контролите и системот за бодување. Сепак, основниот концепт на физички базирана борба и црниот хумор беа позитивно прифатени.

Сè на сè, GLUM претставува освежителен и необичен наслов во жанрот на акционо-авантуристички игри од прво лице. Со својот уникатен концепт на First-Person Booter, смела смисла за хумор и фокус на интерактивна физика, играта нуди хаотично и забавно искуство кое се издвојува од мноштвото. Ако сте подготвени да го прифатите својот внатрешен гоблин и да клоцате сè што ќе ви се најде на патот, GLUM може да биде играта за вас.

Повеќе детали за играта
- Произведува: CinderCat Games
- Издава: CinderCat Games
- Жанр: акција
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезена на: 22 мај 2025







