22 коментари 7 мин. читање

Интервју со шампионите во CS:GO – BLUEJAYS и Македонската Еспорт федерација

Веста дека македонските гејмери „растурија“ на Светското еспорт првенство во Израел веќе ги помина сите медиуми и поттикна дебати во разни кругови за како еспортот напредува и како треба да добие поголемо општествено значење и внимание.

Изминативе медиумски циклуси некако потсетија на 2016-та година, кога Мартин Саздов, aka Saksa, играјќи Dota 2 турнир во тимот на Digital Chaos освоија 3.4 милиони US долари.

Откако во септември излегоа како победници на Европскиот куп на нации во Counter-Strike:Global Offensive (CS:GO), македонскиот еспорт тим, или подобро кажано македонската официјална репрезентација, во состав:

  • Јане “aidKiT” Апостолоски
  • Даниел “dan1” Глигоров
  • Валентин “POWERDY” Дурацоски
  • Дамјан “kyxsan” Стоилковски
  • Павле “stYleEeZ” Стојановски
  • Кристиан “Cryveng” Трпкоски
  • Кристијан „FODOR“ Поповски (замената на dan1 во Израел)

…потпиша со данско-германската еспорт организација BLUEJAYS, основана во 2010 година, која има и претходно искуство со регрутирање на македонски играчи.

Нашите шампиони во CS:GO, во Ејлат, Израел – каде што се одржуваше и светското еспорт првенство во организација на Интернационалната Еспорт Федерација (IESF), за освојување на првото место играа со Словачка (победа од 2:1), Косово (победа со 2:0), со Романија (загуба со 1:2), Украина (победа со 2:1) и во финалето да извојуваат победа пак против тимот на Романија со 2:0. Победата дојде и баш како за инает на претходните обвинувања по интернет дека македонските гејмери се читери“, но како што се вели, кој губи има право и да се љути… :)

Откако ги стабилизираа импресиите, одморија, ги прашавме како си поминаа во Израел, а одговори на прашањата ни достави aidKiT, т.е. Јане…

Успеавте ли и самите да поверувате дека сте светски шампиони во CS:GO или сè уште не ви се верува? :)

На почетокот од турнирот првата цел ни беше да покажеме добра игра и дека сме доволно добри за едно повисоко ниво на игра. Секој меч го одигравме со полна пареа бидејќи сметавме дека само така (меч по меч) нема да потпаднеме на мислата дека „има можност“ да сме светски шампиони. Кога стигнавме до целта која што секој ја посакува (1-во место), кревањето на пехарот е показател колку верувавме. 

Која е разликата кога турнирот е LAN? Добивте ли малку чувство на „нормалност“ или сепак пандемијата повеќе се чувствуваше на турнирот?

LAN Турнирите од секогаш биле и ќе бидат со голема количина на позитивни напнатост и стрес кои што може да доведат до одличен перформанс или пак разочарување во тимот. Кога станува збор за пандемијата, таа колку и да звучи сулудо, помогна многу на Е-спортот со цел играчите да се подобрат. Се надевам дека пандемијата не беше присутна на овој турнир, бидејќи организацијата беше одлична.

Составот на тимот кој победи на Европскиот куп на нации се разликуваше од сегашниот, зошто? Дали ова е новиот состав на BLUEJAYS?

Не, причина за создавање на овој состав е токму тоа што Даниел “dan1” Глигоров не беше во можност да патува поради неисполнување на протоколите кои што IESF како организатори и Израел како држава ги побара. Поздрав до dan1 по овој повод. За останатите промени не би сакал многу да зборувам бидејќи во секој тим постојат моменти каде треба да се проба нешто ново. Ова беше состав за Светското Првенство, а од сега повторно се враќаме со онаа BLUEJAYS петорка (stYleEeZ, Cacanito, dan1, kyxsan, aidKiT).

BLUEJAYS во Израел

Се чини дека најтешкиот натпревар ви беше против Украина.. Во еден момент украинците имаа неколку меч поени, но успеавте да се вратите. Што ви поминуваше низ глава во тие моменти, „здравје следниот пат“ или никогаш немавте намера да се откажете? Како извојувавте победа?

Да, нема многу да должам околу Украина како противник. Со тие играчи се знаеме повеќе од 2 годинитака што редовно играме различни турнири и секогаш искоходот е различен. Јас лично, како капитен не верував во моите момци, но со поен по поен, ми покажаа дека нема ништо поубаво од тимска победа. Секој е заслужен за таа победа, но би сакал да ја истакнам ЛЕГЕНДАРНАТА рунда каде FODOR ја победи рундата на 15-13 со невообичаен “bomb defuse”. Се друго е историја. 

На овој турнир игравте натпревар, по натпревар… Се чувствува ли стресот, дали е потешко да се справите со физичкиот или психичкиот замор?

Дефинитивно, колку и да изгледа дека ние само седиме и кликаме по глувче и тастатура… Има многу повеќе од тоа. Размислување, комуницирање, учење воедно и секако исфрлање на позитивна енергија која што е најбитна. Психичкиот замор е еден од најголемите непријатели на гејмерите.

Можеби од страна како гледачи, натпреварите со Романија изгледаа лесни. Сепак само еден ден порано романците ве победија. Што беше клучно за победата во финалето?

Во улога беа многу фактори но еден од главните е одморот кој ни беше повеќе од потребен по претходниот ден. Со бистра глава, фокус и енергија за победа, финалето заврши во наша полза.

Како и колку време тренирате? Колку часа неделно трошите на тренинг?

Тренираме против различни екипи или пак само ние 5 играчи како би создале одредени тактики за одредени тимови кои сметаме дека со истите полесно би ги совладале. Тимски тренинг најчесто трае од 4-6 часа, но индивидуално тоа некогаш може да потрае и од 10-12 часа.

Како се постанува професионален гејмер?

Едноставно. Кога се сака, се се може. Треба да се верува, и само да се игра. Жртвување на многу убави моменти.

Што се надевате дека ќе донесе ова победа како за вас, како и за е-спортот во Македонија?

Искрено мислам дека поголема слава, која никако не смее да влијае негативно. За е-спортот нема да коментирам бидејќи мислам дека доволно покажавме колку е тоа всушност голема гранка на која и треба ветар во грбот за да доведе до позитивно лудило.

BLUEJAYS во Израел

Веќе одите на Funspark ULTI 2021: Europe Season 4 што може да очекуваме од таму?

За жал, го изгубивме првиот меч во групите. Но се надевам дека ќе се вратиме уште појаки и ќе се навикнеме на “online” средината што е можно побрзо. Уживајте во наредните турнири и поздрав до сите!

Македонска Еспорт Федерација: Се фокусиравме на промоција на еспортот

Македонската Еспорт Федерација (MESF), на чело со Бобан Тотовски како претседател, е организатор на официјалните македонски лиги за CS:GO, Dota 2, Tekken 7 i eFootball PES 2021. Федерацијата е формирана уште од 2009-та година и досега има учествувано на десетина интернационални шампиони веејќи го знамето на Македонија и реално екипата зад оваа асоцијација е една од најзаслужните за промоција не еспортот во државата.

Фотографија преземена од MESF.mk

МЕСФ има 7 постојани клубови како основачки членки и повеќе од 120 тимови кои учествуваат на турнири, а за какво е чувството после освојувањето на шампионатот на BLUEJAYS, разговаравме со генералниот секретар на федерацијата, Игор Недески.

Два големи успеси за релативно кус временски период: победа на купот на нации, па и на светскиот шампиoнат. Променивте нешто во организација или конечно „се погоди“ екипата?

Искрено изминатите две години повеќе се фокусиравме на промоција на еспортот и на федерацијата  па затоа го добивме и вниманието од еспорт заедницата. Моменталната репрезентација во CS:GO не е случајно тука каде што е бидејќи последната година тие посветија значително голем дел од своето време на играњето и тренирањето, така да не би рекле дека тие „се погодија“.

Овој пат патувањата требаше да ги организирате во време на пандемија, имаше ли некои специфични предизвици?

Секако дека беше голем предизвик пред се поради пандемијата па потоа и по фактот што Израел е прилично затворена држава. До последен момент ние не бевме сигурни дали ќе можеме да влеземе во Израел.

Се чини дека успеавте финансиски да се стабилизирате за да ги испратите тимовите кога тоа е потребно, ја разбираат ли спонзорите придобивката од еспортот?

За ова првенство ние имавме два спонзори, Mozzart Bet и Red Bull. Би сакал во оваа прилика да им се заблагодарам за поддршката. Што се однесува на тоа дали спонзорите ја разбираат придобивката, искрено после овој успех се надевам дека приватните компании ќе разберат дека поддршката на еспортот може да донесе само добри резултати како за нас така и за нив.

Кај нас за е-спорт се пишува само ако некој победи или ако има голем награден фонд, може ли ова да се промени?

После овој успех се надеваме дека сите релевантни медиуми ќе го следат прогресот на федерацијата и на еспортот во државата и со тоа ќе помогнат како на МЕСФ така и на играчите кои играат за нашата федерација.

Кои се плановите за иднина? Што може да очекуваме?

Моментално нашиот фокус е признавањето на федерацијата од страна на државата па потоа турнирите и лигите кои ги имаме планирано за 2022 година.

Епа момци, IT.mk ви посакува GLHF!

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Forum replies (22)Kоментари на статија (0)

Се вчитуваат нови одговори…

toplel

user

1,061 пораки 1,546 лајк

@pavlestyle Честитки! Online бевте етикетирани како читери па ајде сега да видиме каков изговор ќе бараат. Ги испеглавте поштено! Конечно наш CS тим со одлучност, трпение и функционалност како единка! Браво!
flat,750x,075,f-pad,750x1000,f8f8f8.u1.jpg

одговори 3 лајкови

toshex

the fool

6,576 пораки 8,224 лајк

А чек истиот тим е ко АИРЛИЈА?

(ако не се лажам не е истиот тим пошо овие се БЛУ ЏЕЈС)

одговори Лајк

toplel

user

1,061 пораки 1,546 лајк

А чек истиот тим е ко АИРЛИЈА?

(ако не се лажам не е истиот тим пошо овие се БЛУ ЏЕЈС)

Основата е таа со aidKit, Stylez, Kyxsan и dan1. Принова и засилување им е CacaNito, а FODOR беше замена за dan1 кој мислам дека е во Шведска и не беше присутен заради компликации со визата.

одговори 1 Like

toshex

the fool

6,576 пораки 8,224 лајк

Основата е таа со aidKit, Stylez, Kyxsan и dan1. Принова и засилување им е CacaNito, а FODOR беше замена за dan1 кој мислам дека е во Шведска и не беше присутен заради компликации со визата.

Тенкс шо ми разјасни!

Иначе ЦАЦАНИТО БЕШЕ ФЕНОМЕНАЛЕН!!! АидКит исто, а и останатите сјаеја во клучни моменти! Стајлз со awp, Kyxan мислам го имаше тој еден момент коа ги реши на мираж... Прекрасно!

ЕДИТ: Сепак ЦАЦАНИТО беше во тој моментот на мираж:

View: https://imgur.com/a/BjKVA7t

Мислењето е автоматски споено:

@pavlestyle Честитки! Online бевте етикетирани како читери па ајде сега да видиме каков изговор ќе бараат. Ги испеглавте поштено! Конечно наш CS тим со одлучност, трпение и функционалност како единка! Браво!
Погледнете го атачментот 106331

А шо се деси со обвинувањата за читинг на крај?

одговори 3 лајкови

click to expand...
Nikola100

poweruser

5,249 пораки 5,182 лајк
toplel

user

1,061 пораки 1,546 лајк

Тенкс шо ми разјасни!

Иначе ЦАЦАНИТО БЕШЕ ФЕНОМЕНАЛЕН!!! АидКит исто, а и останатите сјаеја во клучни моменти! Стајлз со awp, Kyxan мислам го имаше тој еден момент коа ги реши на мираж... Прекрасно!

ЕДИТ: Сепак ЦАЦАНИТО беше во тој моментот на мираж:

View: https://imgur.com/a/BjKVA7t

Мислењето е автоматски споено:

А шо се деси со обвинувањата за читинг на крај?

Па се крена фама ко ги победија Украина и супер тимот на Турција. Еве изиграа цел LAN во Израел на компјутери и периферија проверени од администратори. Witch-hunt од butthurt фановви на двете екипи/репрезентации. Правеа видеа, па Reddit circlejerk и сѐ по список. Не можат да се помират со фактите. :)

одговори 1 Like

click to expand...
ContentBot

Робот (content unit)

291 пораки 1,021 лајк

Освојувањето на првото место во Counter Strike: Global Offensive е еден од најголемите успеси на македонската е-спорт сцена, по освојувањето на второто место на Мартин „Saksa“ Саздов и тимот на Digital Chaos на Dota 2 International натпреварот 2016 година.

За освоената титула, македонската CS:GO репрезентација покрај титулата шампион доби и парична награда во висина од 10.000 долари.

Македонија на шампионатот ја претставуваше и Давид Гаревски. Тој настапи во eFootball PES Series и успеа да ги заврши натпреварите како третопласиран во Б-групата.

Повеќе @ Македонија е светски шампион во Counter Strike: Global Offensive ⋆ IT.mk

П.с. @ARMac

одговори 11 лајкови

Pane-G

user

1,678 пораки 1,005 лајк

Браво за дечките гејмери . Сега нешто ме итнтересира за спортови како што знаеме на пример спортски реквизити топка или рекет кои се стандардни димензии за меѓународен натпревар , е сега прашањето ми е дали дечките гејмери сами си составуваат хардверски делови вклучувајќи и монитори или пак дали има прописи и правила околу хардверски делови како меѓународни стандарди за Е-Спорт како кај спортските реквизити ????

одговори 1 Like

Nikola100

poweruser

5,249 пораки 5,182 лајк

Браво за дечките гејмери . Сега нешто ме итнтересира за спортови како што знаеме на пример спортски реквизити топка или рекет кои се стандардни димензии за меѓународен натпревар , е сега прашањето ми е дали дечките гејмери сами си составуваат хардверски делови вклучувајќи и монитори или пак дали има прописи и правила околу хардверски делови како меѓународни стандарди за Е-Спорт како кај спортските реквизити ????

Па јас колку што знам - секој организатор обезбедува подеднаква опрема за сите тимови ( евентуално мауси и падови или тастатури можат да си изберат кој што преферира )

одговори 1 Like

toplel

user

1,061 пораки 1,546 лајк

Браво за дечките гејмери . Сега нешто ме итнтересира за спортови како што знаеме на пример спортски реквизити топка или рекет кои се стандардни димензии за меѓународен натпревар , е сега прашањето ми е дали дечките гејмери сами си составуваат хардверски делови вклучувајќи и монитори или пак дали има прописи и правила околу хардверски делови како меѓународни стандарди за Е-Спорт како кај спортските реквизити ????

Само периферијата (маус, мауспад, тастатура) е дозволена како стандардна екстерена опрема. Слушалките се регулирани зависно од организаторот. Некогаш се за сите исти заради soundproof доколку има публика, некогаш се дозволени како индивидуална опција. Сѐ друго е обезбедено од организаторот.

одговори 5 лајкови

Pane-G

user

1,678 пораки 1,005 лајк

Па јас колку што знам - секој организатор обезбедува подеднаква опрема за сите тимови ( евентуално мауси и падови или тастатури можат да си изберат кој што преферира )

Аха, тоа се подразбира , но да речеме ако противникот има подобри хардверски делови со највисока класа графичка и процесори па и матична ,а другиот е средна класа делови од организаторот и дали има некаква улога за да победи натпреварот или не или пак е прекршок ?? Дали постои правила во светот на Е-Спортот?

одговори Лајк

G
Guest

Честитки за дечките. Некако наградата од 10.000 долари ми делува премалку за ваков достиг, како што сте напишале "Светски шампиони" на порталот?
Не пратам eSports, не знам за која лига се работи, чисто прашувам.

одговори 2 лајкови

toplel

user

1,061 пораки 1,546 лајк

Честитки за дечките. Некако наградата од 10.000 долари ми делува премалку за ваков достиг, како што сте напишале "Светски шампиони" на порталот?
Не пратам eSports, не знам за која лига се работи, чисто прашувам.

Настанот е со сличен формат како WCG што беше пред 10-15 години само што со годините опадна популарноста и организаторите почнаа да соработуваат директно со креаторите на игрите и така организираат Major и Minor турнири што имаат поголеми парични награди затоа што има повеќе спонзори. Пример, Украина ги има NaVi што се број 1 во светов, ама тие како организација играат само на турнири што се во партнерство со Valve, креатор на CSGO. Затоа на нивно место играат други играчи што немаат тимски обврски. А порано на WCG играа баш најјаките поединци од секоја држава зошто WCG се сметаше како еден од најелитните турнири.

Ова доаѓа како трета лига натпреварување по награден фонд и популарност, ама скилот на тимовите скоро на ниво како најјаките екипи. Се надевам ова ќе е отскочна даска за нашите и дека потенцијалот ќе биде искористен што побрзо. Заслужуваат да бидат во топ 20 екипа во светов за да го искористат потенцијалот на поголеми сцени.

одговори 3 лајкови

dastaner

hello world

112 пораки 68 лајк

Кој го следеше натпреварот ќе сфати дека заслужник за оваа победа е всушност играчот "Uqlutzavr" од тимот: Ec-Kyiv. Иначе браво за македонскиот тим одлично изиграа.

едит:

одговори 2 лајкови

Martin Arsov

hello world

232 пораки 126 лајк

Аха, тоа се подразбира , но да речеме ако противникот има подобри хардверски делови со највисока класа графичка и процесори па и матична ,а другиот е средна класа делови од организаторот и дали има некаква улога за да победи натпреварот или не или пак е прекршок ?? Дали постои правила во светот на Е-Спортот?

Нема логика организаторот да обезбеди компјутери со различен хардверски компоненти.
Кога турнирот се игра од дома тоа си е веќе твое со кои хардверски компоненти ќе се натпреваруваш.

одговори 2 лајкови

Comments are closed.

Мени
Заедница
Изглед
To top