На крајот на август македонскиот тим составен од пет гејмери Јане „aidKiT“ Апостолоски, Дамјан „kyxsan“ Стоилковски, Даниел „dan1“ Глигоров, Павле „stYleEeZ“ Стојановски и Кристиан „Cryveng“ Трпкоски победи во Counter-Strike: Global Offensive натпреварите на Европскиот куп на нации.
За еден од најголемите еспорт успеси во Македонија зборувавме со Јане „aidKiT“ Апостолоски.
Како се чувствувате по најголемиот успех на македонска репрезентација во CS:GO?
Oдлично. Свесни сме за успехот кој го постигнавме, но тоа не нè прави задоволни. Целиме кон многу поголеми успеси за кои сега времето не дозволува да се навлегува во детали.
Имавте супер настап. Tурнирот го завршивте без изгубен натпревар, очекувавте ли нешто вакво кога се квалификувавте?
Како и секој турнир, така и во овој влеговме со полн фокус и желба за значаен резултат. Секогаш наша главна цел е да се одигра убаво без многу грешки. Кога го постигнуваме тоа доаѓаме и до големи резултати.
Кој ви беше најтешкиот противник на турнирот?
Најтешкиот противник ни беше Хрватска во полуфиналето која дефинитивно ни е повеќе од позната како тим, но сепак секогаш се игра одличен меч против хрватските играчи.
За гејмерите вообичаено важеше стеротип за nоlifer-и кои се затвораат во соба да играт, има ли промени?
Сè уште во некои делови од светот е така, но мислам дека е крената свеста кај многу од луѓето кои ги следат технологиите и е-спортот генерално. Кога зборуваме за nolifer-и, тогаш секој кој сака да успее во својата област е nolifer? Хаха се шегувам, но за да се успее мора да се жртвуваат многу „поинтересни“ работи во животот.

Има ли гејминг заедница во Македонија, кои се најпопуларните игри кои се играат натпреварувачки?
Најпопуларните игри се CS:GO, DOTA 2, FIFA & Tekken 7 колку што знам јас. Македонската e-спорт федерација ни дава можност да се случуваат натпреварувања на ниво на Македонија преку кои можеме да се докажеме на eвропско па дури и на sветско ниво. Тука секако е и „Македонската e-спорт aсоцијација“ која од неодамна почна интензивно да се залага за подобрување на е-спортот во Македонија.
Кажете ни накратко нешто за вас. Што работите; имате ли хоби; колку често тренирате?
Нашата работа отстрана гледано е „трчај-пукај“ хахаха. Но има многу детали кои еден CS:GO професионалец мора да ги има или стекне. Тренираме од 6 до 8 часови во зависност каков е распоредот во денот. Лично мое хоби е свирење на гитара и секако дружба надвор од гејмерскиот свет.
Зошто од толку многу игри токму Counter Strike? Како вие ја објаснувате долготрајноста на оваа игра која одбива да „умре“?
CS е игра која според мене е можеби најтактичката игра кога станува збор за FPS игри. Затоа и ме привлече да играм уште кога почнував да ја играм.
Може ли да се живее исклучиво од заработката како про-гејмер?
Секако дека да, сите сме сведоци на развивање на е-спортот во нашата држава што е добар показател да се охрабрат помладите да ги следат своите соништа. Можеби тоа изгледа невозможно во држави каде е-спортот сè уште не е на ниво на кое треба да биде (како во Европа), но верувајте работата на крајот секогаш ќе се исплати.
Има ли иднина е-спортот во Македонија?
Јас како про-играч единствено што можам да кажам е дека е-спортот оди на подобро во нашата држава, но сè уште има простор за развиток. Големо влијание имаат „високите“ институции во државата кои треба да ја препознаат убавината и придобивките кои го нуди е-спортот на луѓето, а воедно и на државата
Да можете да промените како се гледа на гејмингот и е-спортот во Македонија, што би смениле?
Би го официјализирал, за да се прошират новости и скоро секоја генерација да дознае за што станува збор и да се запознае со добрите и лошите страни на е-спортот.
[…] репрезентација минатата година успеа да победи на Европскиот куп на нации и на Светското еспорт […]
[…] во септември излегоа како победници на Европскиот куп на нации во Counter-Strike:Global Offensive (CS:GO), македонскиот еспорт […]
[…] тим кој неодамна нè израдува и со првото место на Европскиот куп на нации во Counter Strike: Global […]
[…] […]
[…] post Интервју со побе… appeared first on […]