ИТ индекс: New Media MK – агенцијата која стои зад дигиталната маркетинг конференција All Web

(Овој текст е дел од серијалот на IT.mk кој има за цел да ги промовира локалните компании кои се присутни на сервисот ИТ Индекс)


ПРОФИЛ

1. Датум кога официјално започнавте со работа:
Започнавме во Март 2010 година, како прва компанија во Македонија од сам почеток создадена да работи во полето на интернет маркетинг услугите.

2. Од кого е основана компанијата?
Компанијата е основана од Дарко Булдиоски, Мите Кузевски и Марјан Стојнев. Денес оперативно истата е раководена од Дарко Булдиоски.

3. Првиот производ или услуга која ја понудивте и успешно продадовте:
Од сам почеток бевме препознатливи по работата на социјалните медиуми, па оттаму и првите услуги кои ги нудевме на првите клиенти беа токму во доменот на употреба на социјалните медиуми за компании и организации.

4. Колку луѓе броеше вашиот првичен тим?
Релативно брзо по самиот старт на тимот од тројцата основачи се придружи и Наталија Трајчевска од скоро Стефановска која всушност го заокружи првиот тим на NewMediaMK.

5. Колку вработени сте сега?
Тешко прашање за една мала компанија во Македонија :). На платен список има петорица, но како дел од основниот тим ние си се броиме повеќе луѓе зошто имаме соработници со кои работиме доста долго време и си ги чувствуваме како да се дел од самата компанија. Ако ги земеме и нив предвид тогаш стигаме до кај 10 луѓе.

 

6. Кои се услугите и производите во кои специјализирате?
Фокусирани сме на креирање на содржина, долгорочни стратегија за комуникација преку социјални медиуми и работа со заедници (инфлуенсери), но често работиме и вебсајтови, e-mail кампањи, оптимизација и секако доста време поминуваме во едукација и консултации во доменот на дигиталните комуникации и медиуми.

7. Што е тоа што мислите дека ве разликува од вашата конкуренција?
Од денешна перспектива, би рекле дека тоа е искуството, стратешкиот пристап и желбата да се работи она што е актуелно во светот, да се биде прв, свеж, иновативен. За нијанса малку поконкретно би рекле дека се разликуваме по тоа што сме комплетно подготвени да ги споиме маркетинг активностите со развојот на бизнис стратегијата, дигиталната трансформација и внатрешната комуникација на големите и средните претпријатија.

8. Кои се клиентите со кои соработувате?
Листата е прилично долга, затоа што постоиме повеќе од 7 години и сме имале различни типови на соработка со различни компании. Но, оние со кои соработуваме подолго време и поинтензивно се: телеком оператерите ONE, Vip и Telekom, The Coca-Cola Company, Ramstore Mall, Imperial Tobacco, UNDP, Westminister Foundation, Вива сокови, ВидиВака, Зегин, Frutek, Rosal, Winner…

9. Што е тоа што би промениле на сегашната македонска ИКТ сцена ако имате неограничени ресурси?
Ние не се гледаме себе си како дел од ИКТ сцената, можеби во минатото на моменти со некои од нашите side проекти и бевме, но ние сме дел од маркетинг сцената. Ама, како македонци не значи дека немаме став за многу работи… :D. Она што ние би го смениле е фокусот на ИТ компаниите, наместо да се насочени кон аутсорс, да се насочени повеќе кон развивање на сопствени, комплетни производи и сервиси.

10. Што ќе работи New Media MK во 2020 година?
Performance marketing и content marketing во вистинска смисла на зборот.

11. Споделете еден “fun fact” за Вашата компанија.
Во канцеларија си го имаме најлудото куче Биги и сите си имаме custom верзии од најкул маичките на @Dreadpen.

Официјален сајт: 
www.newmedia.mk

New Media MK на друштвени канали:

Facebook / Twitter / LinkedIn / Instagram

Посетете го профилот на New Media MK на ИТ Индекс.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk