(Овој текст е дел од серијалот на IT.mk кој има за цел да ги промовира локалните компании кои се присутни на сервисот ИТ Индекс)
ПРОФИЛ
Датум кога официјално започнавте со работа
26.11.2020
Од кого е основана компанијата
Иван Неделковски, Наум Шапкаровски и Илчо Талески. Илчо и Наум се одговорни за квалитетот на продуктите што ги развиваме од технички аспект, а Иван е инволвиран во оперативните одговорности кои доаѓаат со развивање на еден стартап.
Првиот производ или услуга која ја понудивте и успешно продадовте
Првата соработка ни беше со лидерот во македонскиот пазар на достава на храна КликниЈади и мора да споменеме дека сме горди што сè уште успешно работиме заедно. Довербата која ни ја укажаа ја оправдавме и во моментов пред нас е заедничко лансирање на нова, уште подобра и оптимизирана платформа.
Колку луѓе броеше вашиот првичен тим?
4
Колку вработени сте сега?
15
Кои се услугите и производите во кои специјализирате?
Специјализираме во сите полиња кои се неопходни за раст и развој на еден стартап:
Product Design, Software architecture, Strategy Recruitment, Project Management, Engineering Technical, Guidance и Rising Capital. Освен што сме професионалци во сево ова, нудиме и врвна претприемничка поддршка и постојано сме тука, до нашите партнери за да ги охрабриме, да им понудиме некоја алтернатива за решавање на одредени прашања и слично. Особено сме горди на програмата за практиканти кој е тип на менторски Bootcamp, односно во три месеци можеме да извадиме full-stack developer кој може самостојно да работи (идеално – да работи за нас нели :))
Што е тоа што мислите дека ве разликува од вашата конкуренција?
Ние сме експерти за развивање на стартапи кои се во својата рана фаза. Се вклучуваме како технички ко-основач и го користиме нашиот тим за да им помогнеме да го развијат својот продукт. Користејќи го нашиот “60 Days MVP Framework” способни сме да лансираме иницијална верзија од скоро било кој продукт во само 2 месеци. По лансирањето на продуктот ние остануваме длабоко инволвирани во целиот циклус на итерација и подобрување на софтверот и исто така помагаме во стратегијата и во оперативните проблеми со кои се справува самиот стартап.
Кои се клиентите со кои соработувате и на кои пазари работите?
Екселерејт оперира на глобално ниво, нашите партнери се лоцирани и оперираат на 3 континента. Сметаме дека во денешницава струката на градење софтвер и стартапи нема географски граници и затоа не ни се ограничуваме на еден регионален пазар, ако ни се допаѓа некој основач и неговата идеја ние ќе работиме со него, без разлика од каде оперира.
Што е тоа што би промениле на сегашната македонска ИКТ сцена ако имате неограничени ресурси?
Ако имаme неограничени ресурси би ги алоцирале во сите стартап идеи кои што ги имаат младите претприемачи кај нас. Ако една стартап сцена е оган, тогаш финансискиот капитал е кислородот кој што без него не може да гори тој оган. Лошата аналогија на страна, лично знаеме дека кај нас има многу способни претприемачи кои што едноставно немаат пристап до доволно иницијален капитал за да се натпреваруваат со нивните конкуренти надвор од Македонија. Seed Round во држави со поразвиен стартап екосистем се движи од $500,000 до $2,000,000, кај нас истата рунда е помеѓу $20,000 и $100,000 – разликата е очигледна. Со доволно капитал инвестиран во македонскиот стартап екосистем сигурни сме дека ќе излезат јаки играчи кои ќе бидат лидери на глобално ниво.
Што ќе работите во 2022 година?
Неколку од нашите партнери туркаат кон „Series A“ инвестиција и моментално работиме напорно да ги подржиме во реализирање на таа цел. Патем со проширувањето на нашиот тим ние сме во можност да создадеме нови партнерства со ветувачки стартпи каде што целта ни е до крај на годината да помогнеме во креирањето на 10 нови стартапи.
Споделете некој „fun fact“ за вашата компанија
Во даден момент дури 37% од членовите на Екселерејт се викаа Елена.
Официјален сајт:
Exelerate на друштвените канали
Facebook / Twitter / Instagram / LinkedIn
Посетете го профилот на Exelerate на ИТ Индекс
Знаеш компанија која треба да ја додадеме на ИТ Индекс? Кликни тука и Предложи компанија.