Blocks е бесплатна апликација за креирање на 3Д-модели од Google

Image courtesy of Google

Виртуелната реалност е поблиску од било кога. Иако хардверот има неверојатни можности, сепак недостатокот на содржини го прави преминот поголем предизвик.

Токму тука Google ќе се обиде да ги надмине проблемите со Blocks. Станува збор за алатка која овозможува креирање на 3Д објекти за виртуелната реалност. Алатката е бесплатна, а наменета е за развој во виртуелниот простор преку HTC Vive и Oculus Rift. Ова е првиот софтвер кој е наменет за развој на содржина во виртуелната реалност.

Blocks треба да овозможи полесно моделирање. Корисниците ќе можат да ги користат рацете за креирање на модели, што според Google е поедноставно. Креирањето на 3Д-објекти со 2Д-алатки не е природно. Работата во виртуелна реалност ќе биде поприродна.

Креираните објекти потоа можат да се споделат онлајн. Оттука корисниците ќе можат да ги прегледаат во прелистувач, да ги преземат фајловите за да ги користат или променат. Форматот освен во Blocks е поддржан и во апликацијата на Google за боење во виртуелната реалност Tilt Brush.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments