ИТ Индекс: Web Factory – македонска компанија за развој на софтверски решенија

во Интервјуа, ИТ.МК

(Овој текст е дел од серијалот на IT.mk кој има за цел да ги промовира локалните компании кои се присутни на сервисот ИТ Индекс)


ПРОФИЛ

1. Датум кога официјално започнавте со работа

2009

2. Од кого е основана компанијата?

Тодор Панев, Михајло Штерјов, Илија Лалковски и Стефан Трајковски

3. Првиот производ или услуга која ја понудивте и успешно продадовте:

Првиот производ од Веб Фактори беше SpotMe мобилната апликација, која освои 2-ро место на ВИП (сегашно А1) Андроид натпреварот. Апликацијата беше мапа со ресторани и кафичи низ Mакедонија, нешто како 4square на времето. Да можеш да ги оцениш, да видиш инфо, да се јавиш и сл. Исто така можеше да ги видиш сите активни корисници и да си чeтуваш со нив во живо.

Имаше околу 1000 симнувања, главно што беше преинсталирана на ВИП телефоните, како и сите останати апликации што победија на настанот. Апликацијата беше одлично искуство за нас, но многу брзо после тоа ја прекинавме бидејќи сѐ уште немаше доволно паметни телефони. Следствено после тоа почнавме да работиме на проекти за клиенти и до ден денес останавме на тоа.

4. Колку луѓе броеше вашиот првичен тим?

4

5. Колку вработени сте сега?

75

6. Кои се услугите и производите во кои специјализирате?

Веб Фактори, македонска компанија за развој на софтверски решенија, им овозможува на веќе постоечки компании и стартапи да постигнат деловна ефикасност преку напреден сет на решенија и услуги. Компанијата им помага на своите клиенти да постигнат дигитална трансформација преку развој на софтвер, развој на веб и мобилни апликации, UX/UI инженерство, AI/ML, дизајн на системска архитектура, стратегија и развој на производи, ИТ консалтинг, поддршка и одржување, сето ова дизајнирано и развиено од тим на инженери искусни во сложениот развој на целосен систем.

Визијата е да станеме партнери т.е. да бидеме CTO-то на технички и нетехнички компании. Меѓу другото, во 2020 беше основан Синдекс (Sindex) нашиот spin-off за правење сопствени производи, односно студио за креирање свои игри како дигитални продукти, со кој неодамна ја лансиравме и првата 2D акционо-авантуристичка платформер игра.

7. Што е тоа што мислите дека ве разликува од вашата конкуренција?

Главно нешто што не двои од конкуренцијата е нашиот пристап кон клиентите и проектите. Си ги земаме сите при срце и даваме се од себе да успеат, не се вклучуваме само во егзекуција туку и во планирање, моделирање, советување на истите. Исто така работиме неколку технологии, не сме компанија која се расплинува во се и сешто туку стриктни технологии во кои станавме експерти. И последно би рекол тимот и духот кој го градиме. Иако работиме за клиенти, на прво место ни е тимот и нивниот развој. Секогаш гледаме проектите кои ги работиме да се предизвикувачки, да се интересни, да има место за развој. Исто така, растењето на тимот е базирано на високи критериуми за влез во компанијата, настојуваме да задржиме едно ниво на квалитет од кој што не отстапуваме.. Тоа му дава на тимот голема доверба дека секогаш работат со најдобрите, btw тие се вклучени во креирање на стандардите.

8. Кои се клиентите со кои соработувате и на кои пазари работите?

Портфолиото на Веб Фактори вклучува 100+ проекти во ФинТек индустријата, здравството, угостителството, забавниот сектор, банкарството како и индустријата на човечки ресурси и регрутирање.

Со над 12 годишно искуство во трансформирање на идеи во ефикасни дигитални решенија, Веб Фактори ја заслужија довербата на 50+ клиенти низ Јапонија, САД, Канада, Австралија и Европа. Клучни клиенти и проекти: Healthcare platform for Ignis Ltd (Japan); Restaurant booking and reservations platform for WaltzIn; fintech complete solution for Akoni, a Fintech in the UK; JoyJoi for Pulse, a virtual handshaking platform; T-Mobile, ESA (European space agency), MobileIron.

9. Што е тоа што би промениле на сегашната македонска ИКТ сцена ако имате неограничени ресурси?

Би се фокусирале на носење луѓе од странство за едукација на кадар, и едукација за старт ап екосистемот. Моментално ни фалат инспиративни приказни, читањето странски медиуми не е доволно за да испираш млади да почнат бизниси.

Би лобирале за промена на закони кои се важни да се развие ИКТ сцената, пример електронски наплати, маркетинг и сл. Да им дадеме можност на големите ИТ компании да инвестираат кај нас, а со тоа да донесат и знаење од надвор.

Би инвестирале во академски здруженија со време и ресурси за да бидеме во тек со светот и светските трендови. Во Македонија нема доволно центри за истражување, центри каде ќе се родат нови технологии и бизниси.

10. Што ќе работите во 2022 година?

Во 2022 гледаме период на засилен раст и експанзија. Ова се однесува не само на нашите планови да ги прошириме тимовите, туку и да ги продлабочиме пазарите на кој делуваме. Планираме да го засилиме нашето присуство на европскиот и јапонскиот пазар преку услуги за дигитална транформација – Вештачка Интелигенција (AI). Ќе работиме на тоа да го приближиме овој свет до сите. Како што беше развојот за мобилни апликации предизвикувачки, така е овој сектор моментално. Веб Фактори ќе се посвети на приближување на областа на AI/ML кон бизнисите, едукација како истите најдобро да ги искористат и да доживеат трансформација. Сите бизниси заслужуваат втора шанса во ова дигитално време, а наша цел е да дадеме до знаење дека големи се шансите да згаснат доколку не воведат иновации и дигитални решенија.

11. Споделете некој “fun fact” за вашата компанија

Поради брз раст сменивме 8 канцеларии до сега, во овие 12 години работење :)

Официјален сајт:
www.webfactory.mk

Web Factory на друштвени канали:

Facebook / Twitter / LinkedIn Instagram

Посетете го профилот на Web Factory на ИТ Индекс.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk