Hybrid GTX 1080 и 1070 од EVGA се најбрзите верзии на картичките досега

во гејминг, Хардвер

Хибридните верзии на GTX 1080 и GTX 1070 кои ги произведува EVGA се помеѓу најбрзите верзии на картичките досега. Двете доаѓаат со хибридно ладење што овозможува подобри перформанси и помало загревање.

EVGA GTX 1080 Hybrid има работна фреквенција од 1.712MHz до 1.860MHz во „boost“-мод. Поради хибридното ладење картичката има повеќе простор за оверклоукување. Ладењето овозможува елементите да се бидат поставени поблиску па графичката е помала од конкурентите. GTX 1070 Hybrid има работна фреквенција од 1,607MHz и „boost“ 1,797MHz.  Двете графички картички имаат потрошувачка од 215W, јави Tom’s Hardware.

Надвор од можностите кои ги овозможува ладењето двете картички се речиси идентични со останатите. GTX 1080 доаѓа со 8GB DDR5X на 10.000MHz, GTX 1070 доаѓа со 8GB DDR5 на 8.008 MHz.

Новите Hybrid верзии се достапни за 730 долари за 1080 и 500 долари за 1070.

08g-p4-6278-kr_xl_1

Image: EVGA

08g-p4-6278-kr_xl_4

Image: EVGA

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments