Windows 10 има 400 милиони корисници месечно

Avatar img-thumbnail img-circle

во Софтвер

Windows 10 е инсталиран на 400 милиони уреди. На оперативниот систем му требаа 14 месеци да ја достигне оваа бројка, 7 месеци помалку отколку на Windows 7, jави Microsoft. Сепак компанијата ќе мора да се откаже од идејата: „1 милијарда корисници на Windows 10 во првите 2 до 3 години“.

Побрзото прифаќање на новиот оперативен систем не е многу тешко да се објасни. За разлика од претходниците, Windows 10 е бесплатна надградба за сопствениците на Windows 7 и Windows 8. Во новите пресметки се вклучени и Windows телефоните, а компанијата овој пат беше супер здодевна околу процесот. Истовремено инсистираа и дека бесплатна надградба нема да биде достапна по една година од излегувањето на Windows 10.

Претходното мерење беше во мај кога компанијата изброи 300 милиони уреди.

За учесниците во Insider програмата добра вест е дека наскоро за Edge пристига изолацијата во прелистувачот. Ова ќе овозможи подобра безбедност на оперативниот систем. Опасниот софтвер ќе биде задржан во „контејнери“, за да не може да се рашири на останатите компјутери во мрежата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments