HTC најави таблет компјутер и Ice Cream Sandwich на уредите од 2012-та

во Мобилни

Главниот човек на HTC, Питер Чоу, најави дека тајванската компанија наскоро ќе се вклучи во пазарот на таблет компјутери, и дека од наредната година ќе вложи во земјите во развој исто колку што вложува и во развиените земји.

На својата Facebook страница пак, компанијата ги објави плановите за надградување на своите паметни телефони со новата верзија на Android, Ice Cream Sandwich. Новиот оперативен систем на почеток од 2012 година ќе биде достапен на HTC Sensation, HTC Sensation XL, HTC Sensation XE и HTC Rezound. HTC Vivid веќе може да се надогради со Ice Cream Sandwich.

Питер Чоу нагласи дека компанијата нема да се откаже од својот имиџ на врвен бренд, и не планира да се шири во земјите во развој со ефтини телефони. Според него, корисниците се спремни да платат повеќе, и затоа оваа година во Кина компанијата пораснала скоро пет пати. Корисниците ја поддржуваат филозофијата на компанијата.

HTC сè уште се некако воздржани во однос на пазарот за таблет компјутери, и до сега имаат промовирано само еден таблет компјутер во февруари. Компанијата е сконцентрирана на паметните телефони, меѓутоа сè уште го разгледува пазарот, и според Питер Чоу, HTC ќе се обиде да направи таблет компјутер кој ќе се истакне од конкуренцијата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk