0 коментари 2 мин. читање 7 ноември, 2011

Со Instagram наскоро ќе споделувате и видео

Споделувањето на видео е следнoто нешто, најави директорот на Instagram, Кевин Систром, на TechCrunch Disrupt во Пекинг, додавајќи дека „сакаме да одиме на нешто повеќе од само филтрирање на фотографии“.

Instagram е популарна iPhone апликација за едитирање на фотографии и нивно споделување. Апликацијата има над 12 милиони активни корисници.

Според г. Систром, визијата на Instagram е да „дозволи да си ја раскажате приказната на вашиот живот“ и затоа следната цел е и видео споделување. Но тој не најави кога точно апликацијата ќе добие видео споделување.

„Видеото има смисла. Би кажал дека е многу интересна област. Навистина би сакале да одиме на нешто повеќе од само филтрирање фотографии. Нашата работа и визија е да ви дозволиме да ја раскажете приказната на вашиот живот, и ние ќе ги направиме сите алатки кои би ви биле потребни за споделување на видео. Не сум сигурен дали тоа вклучува филтри или не, но дефинитивно ќе размислиме за тоа.“, вели дирекорот на Instagram, Систром.

Instagram може да го симнете од iTunes.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top