Холандската полиција со месеци тајно контролирала продавница на Dark Web

Популарната продавница за наркотици Hansa, лоцирана на скриениот интернет (Dark Web), од 20 јуни е под контрола на холандската полиција. Станува збор за координирана полициска акција во која учествуваа повеќе држави и агенции. Во организираната акција учествуваа: Федералното истражно биро и Агенцијата за сузбивање на наркотици, од САД, Холандската полиција и Еуропол. Во акцијата се затворени AlphaBay и Hansa – две големи е-продавници на илегална стока.

Продавниците се користеле за продажба на наркотици и вообичаено секој ден имале 1.000 нарачки. Во периодот од почетокот на акцијата се откриени 50.000 трансакции. Околу 500 корисници се од Холандија, а 10.000 се интернационални корисници, јави Dutch News.

Вообичаено на скриениот интернет се продаваат наркотици, но често се продава и оружје, хакерски алатки и детска порнографија. На Hansa не се пронајдени огласи ниту за оружје, ниту пак материјали поврзани со детска порнографија.

Креаторот на најголемата продавница Silk Road, Рос Улбрихт во 2015, е осуден на доживотна затворска казна. Тогаш ова беше најавено како огромен успех, но набрзо стана јасно дека ништо не е променето. За само неколку месеци се појавија нови продавици кои го заземаа местото на Silk Road.

Image by Openbaar Ministerie / Серверот на Hansa Market

Ниту резултатите од оваа акција нема да имаат преголем успех кога е во прашање сузбивањето на трговија со наркотици на скриениот интернет. На местото на овие две продавници ќе се појават нови продавници. Можеби примерот со двете скоро затворени продавници е најсоодветен. AlphaBay е затворена порано, а по затворањето продажбата во Hansa порасна од 1.000 на 8.000.


Прочитајте повеќе за Dark Web и Deep Web

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments