Од 2006 година, веб сајтот Kongregate насобра скоро 130 000 игри. За жал, целата нивна филозофија е заснована на Flash игри. Со згаснувањето на Flash, се чини дека е неизбежно и згаснувањето на игри од ваков калибар.
Поради тоа, Kongregate изјави дека нема повеќе да прифаќаат нови игри, а нема ни нови значки (достигнувања) да бидат поставувани на сајтот. Како резулатат, самата компанија мора да биде трансформирана, а фокусот ќе ѝ биде насочен кон развивање на наслови за мобилни направи.
Паралелно со ова, најавено е целосно згаснување на сите форуми и опции за социјализација и тоа побргу отколку што би очекувале – 22 јули. Од компанијата објаснуваат дека и понатаму ќе можете да пристапувате до игрите. Се претпоставува дека доколку игрите не бидат сочувани од некоја иницијатива, како Flashpoint, шансите се дека нема да може да се пристапува кон нив веќе од наредната година.
Во меѓувреме, неколку вработени во Kongregate објавија на социјалните мрежи дека се отпуштени од компанијата.
