Хакери велат дека украле 7 милиони лозинки од Dropbox; Dropbox негира дека е пробиен

Хакери тврдат дека имаат податоци од речиси 7 милиони корисници на Dropbox, а дел од овие податоци, 400 кориснички имиња и лозинки истовремено се објавени на Pastebin. Хакерите бараат донации, и велат дека зависно од донациите ќе бидат објавени и останатите седум милиони кориснички имиња.

Од Dropbox веднаш излегоа со демант сека била пробиена нивната заштита, велејќи дека овие кориснички имиња се соберени преку фишинг и други измами, и не се украдени од серверите на Dropbox:

„Dropbox не e хакиран. Ове кориснички имиња и лозинки доаѓаат од други услуги и се користат при обиди да се пробијат Dropbox профилите. Од порано ги детектиравме овие напади и најголем дел од лозинките кои се користат се променети одамна…“, вели портпаролот на Dropbox за VentureBeat.

Од компанијата уште еднаш потсетија дека сите кои користат исти кобинации на кориснички имиња и лозинки, како и иста лозинка за повеќе сервиси треба веднаш да ја променат лозинката и да престанат со оваа пракса. Дополнително секој пат кога е можно користење на двојна авторизација, корисниците би требале да ја искористат. Тука се и password manager апликациите кои ќе ви помогнат доколку не сакате премногу да се измачувате со лозинките.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments