Xiaomi, a не Apple, ја променува мобилната индустрија, вели Harvard Business Review

во Мобилни, Свет

Xiaomi, а не Apple, е лидер во реформите кога се во прашање индустријата на паметни телефони, пишува професорот по бизнис од Мадрид, Жуан Пабло Васкез Сампере, во Harvard Business Review. Xiaomi всушност ја запознавме како компанија која речиси безобразно ги копираше телефоните на Apple, под изговор дека всушност станува збор за воодушевување и инспирација.

Главна причина зoшто професорот Васкез вели дека Xiaomi е лидерот на азискиот пазар е одличната местоположба на компанијата. Xiaomi доаѓа од Кина каде средната класа само што се појавува, па се уште немаат доволно финансии за скапите уреди како iPhone или Galaxy Note. Средната класа во Кина е доболно богата и доволно бројна за да овозможи развој на стартапи, но истовремено не доволно богата за скапите уреди да влезат на пазарот.

Една од основните причини поради која Xiaomi успева да ја освои Кина е што своите уреди ги продава едвај нешто поскапо од цената на компонентите. Со ова корисниците добиваат квалитетен телефон за навистина малку пари, уште повеќе доколку споредувате со конкуренцијата. Покрај ова Xiaomi како и Apple, успева да креира аура на ексклузивност на своите телефони, па за онлајн продажба на своите телефони на пример преку Flipkart, бараат од купувачите да да бидат онлајн два часа пред почетокот на продажбата, па потоа најбрзите 20.000 ќе можат да го купат телефонот.

Во 2014 година омпанијата ќе успее да продаде 60 милиони телефони, а покрај Кина, Xiaomi најверојатно полесно ќе го освои и индискиот пазар. Ова се должи и на тоа што големите компании немаа намера да му конкурираат на Xiaomi во почетокот, а сега можеби е прекасно за тоа, бидејќи компанијата успеа да пронајде одличен бизнис модел за своето поднебје, но и навистина да понуди одлични телефони.

[youtube]ocbm-PX_158[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments