Google со својот сервис Street View успеа да не прошета низ многу градови, улици, музеи и локации за кои може само да сонуваме, а сега ќе ни ги открие и тајните на Големиот кањон. Кањонот во Колорадо е една од најпопуларните туристички атракции во САД. Снимањето на овој кањон ќе се одвива со најновата технологија за мапирање со помош на камери со резолуција од 5 мегапиксели, а се поставени на неколку локации на планините и снимаат на секои 2,5 секунди.
Панорамските фотографии од Големиот кањон ќе бидат достапни за неколку месеци кога сите снимки ќе бидат собрани и поврзани. Google со оваа технологија има мапирано повеќе од 3,000 градови во 43 различни земји.
[youtube]9ae5MzPKAQ4[/youtube]







