1 коментар 2 мин. читање 12 ноември, 2020

NASA одбележува 20 години постоење на Меѓународната вселенска станица со заеднички проект со Google

Цели две децении како постои Меѓународната вселенска станица (International Space Station или ISS). Станицата ги доби првите жители во 2000 година.

NASA реши да го одбележи достигнувањето така што ги здружи силите со Google и започна онлајн проект кој дозволува да се истражува детален тродимензионален модел на модуларната вселенска станица. Со мал напор можете да добиете одговори на многу прашања кои ве интересираат за станицата.

За време на вашата тура, можете да разгледувате најразлични слики, да одгледувате драматични видеа од клучни моменти, како и да се запознаете со астронаутот Том Машбрн и да го чуете како се подготвуваат за спиење. Нормално, најголем фокус е на истражувањето што се врши и на проектите на кои се работи. Па така, можете да се информирате за шест проекти. Еден од проектите истражува како микрогравитација влијае на течности, а еден друг проект се труди да дознае дали билките можат да растат во вселена.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top