1 коментар 5 мин. читање 25 октомври, 2012

Microsoft го претстави Windows 8 и го најави новиот бран на апликации и PC-ja

„Добродојдовте во светот на Windows 8.“, Стив Балмер

Microsoft денес во Њу Јорк не претстави само нов редизајниран оперативен систем, туку најави „цел нов бран“ на различни Windows 8 уреди кои ќе бидат синхронизирани меѓу себе, од 1.000 нови сертифицирани PC-ја до бројни таблет компјутери, и Windows Phone 8 паметни телефони.

Windows 8 доаѓа со редизајниран, нов интерфејс и нов начин како се работи со апликациите. Затоа Мicrosoft направи краток туторијал за корисниците кои се навикнати на стариот ОС. Целта е да се направи транзицијата што е можно полесна, иако во суштина, Windows 8 за PC ќе ги има и двата интерфејси, па ќе може да го користите стандардниот десктоп интерфејс кој сте го навикнале. Tаблет компјутерите се друга приказна, тие работат на Metro интерфејсот, додека Windows Phone 8 платформата ќе ја видиме во понеделник.

Најголемата промена е Start екранот кој сега е составен од плочки (tiles) кои се апликациите. Start екранот е замена за Start копчето и менито на кое сме навикнати. Веќе нема Start копче, но затоа се отвара менито со кликање на Windows логото на тастатурате, со ставање на глувчето на долниот лев ќош, или со движење на десниот крај на екранот. Тоа што треба да се знае е дека меѓу плочките се наоѓа и копчето за префрлување на декстоп интерфејсот, што може да биде збунувачки. Едно од поинтересните нешта во Start менито е што плочките т.е. апликациите се „живи“, односно кога се поврзани на интернет ги покажуваат најновите информации, пример апликација за време ја покажува моменталната температура, апликација за мејлот го покажува најновиот мејл и кој ви ја пратил, Facebook плочката го покажува најновиот статус итн., налик на виџетите во претходните верзии.

Windows Store ќе биде клучот за успехот на Windows 8. Преку оваа продавница, достапна во 231 земја, ќе се симнуваат и купуваат апликации за Metro интерфејсот (ова е интерфејсот каде апликациите се на цел екран, се користат со допир), како и стандардни десктоп апликации. Дури и Windows RT корисниците ќе имаат пристап до продавницата. Microsoft рече дека работел со програмерите година дена пред да го објават Windows 8 со цел да се обезбеднат нови Metro апликации, така веќе има Skype, Google Search, Evernote и други апликации приспособени за овој нов интерфејс. Но сепак останува да видиме како ќе реагираат компаниите и индивидуални програмери кога ќе треба да oтстапат процент на Microsoft за секоја продадена апликација.

[youtube]37E3jQIs2AA[/youtube]

Секако, за да се издражат тие повизуелни апликации на поголем екран, Windows е редизајниран да користи помалку ресурси и да биде побрз од својот претходник. Windows 7 e oдличен оперативен систем, но Microsoft верува дека може подобро. Една од важните новини е што Windows 8 ќе биде поврзан со облакот, односно преку Microsoft профил ќе може да се достапи до сите сервиси во облакот, како на пример Office 365, Skype (кој сега е дел од Microsoft), веб складиштете SkyDrive, xBox Мusic и Games, и бројни други веб апликации кои се интегрирани со Windows.

Ако ја надоградувате „седумката“ тогаш Windows 8 ќе ве чини 40 долари. Доколку сакате физичка копија, таа чини околу 70 долари. Оваа понуда ќе трае до 1 јануари 2013-та. Се уште нема детали за цените на поединечните верзии на Windows 8.

За да користитe Windows 8 ќе биде потребна конфигурација за да го користите Windows 8 е следнава:

  • 1 GHz процесор со PAE, NX и SSE2 поддршка (без грижа, сите процесори ги исполнуваат овие стандарди);
  • 2 GB RAM и 20 GB простор на диск (oва е проблем за постарите машини);
  • екран со 1366×768 резолуција (уште еден проблем за постари монитори, односно машини со графичка која треба да ја поддржи резолуцијата);
  • графичка картичка со DirectX 9 и WDDM драјвер;
  • и за да се користи допир, потребна е PC-то да има поддршка за допир;
Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
фдс
фдс
13 years ago

веќе видено ….. Windows 7 само темата сменета и старт менито како GNOME3 :D непрактично за Desktop….. со еден збор ништо ново.

Мени
Заедница
Изглед
To top