Google Glass се иднината, вели нивниот творец и пионир Тад Старнер

Google Glass е огромен нов чекор за сите, преносен компјутер со проширена реалност, кој не само што е забавен, туку ќе не направи и попаметни додека го користиме, вели пионерот и творецот на Google Glass, Тад Старнер, кој во последниве 20 години на еден или на друг начин има закачено паметни очила на својата глава. Иако Google Glass е најголемиот новитет на кој работел, Тед Старнер е автор на 150 текстови кои опфаќаат области од вештачката интелегенција, интеракција на компјутери и луѓе, пронаоѓање на шеми на однесување и слично. Покрај ова неговите трудови се и за комуникација со глуви лица, со кучиња и со делфини. Негов е патентот за наоѓање на услуги за персонализирање на претрагата во зависност од локацијата, а покрај се ова од самите почетоци е лидер на тимот на Google Glass.

„Ако можете да направите технологија која не е заснована на интерфејс, која што ќе биде продолжение на телото , тогаш преносните компјутери ќе станат интересни…“

Дали може да направиме компјутер кој ќе биде толку едноставен за комуникација што ќе може да регираме преку него? Да дејствуваме заедно со него? Со кој е толку едноставно да се работи додека ги работите секојдневните работи што ќе биде само проширување на нормалниот живот, како што велосипедот е проширување на нашата брзина? Дали може да креираме преносен комјутер кој всушност не прави попаметни?, прашува г. Старнер во интерјув за Atlanta Magazine.

[youtube]v1uyQZNg2vE[/youtube]

Иако Glass e одличен уред никој не може со сигурност да ја предвиди иднината на уредот. Двата најголеми предизвици пред тимот се како јавноста ќе го прифати изгледот на Glass и како Google ќе се справи со прашањата за приватноста. Се чини дека тимот на Google и г. Сарнер веќе размислувале на двете прашања, па така на пример за сегашната боја се одлучиле откако, кафеавата ги потсетувала испитаниците на болнички уред, а црната била премногу „техничка“. Прашањата за приватност не се новина, но за чудо не се поставуваат за вистинските уреди.

„Кога е приватноста во прашање јас сум фундаменталист… Треба да има сериозен разговор за телефоноте, но нема. На MIT знаеа како да извлечат идентификациони податоци од телфоните – дури и со извадена батерија, Јас можам да дознаам кој сте од вашиот телефон. Навистина едноставно… Разговорот требаше да започне уште со пејџерите. Коњот излезе од штачата одамна, а луѓето сè уште не ги прашуваат вистинските прашања,“ вели г. г.Старнер.

И додека разговорот за приватноста продолжува, г. Старнер веќе работи на следниот чекор за Glass. Примена на очилата за проширена реалност кај пациенти кои преживеале: мозочен удар, повреда на мозокот или страдаат од ALS или паркинсонова болест, кои со помош на сензорите во Glass ќе имаат можност за говор.

[youtube]LZ7YFFKpdaw[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments